Вистинска „канонада“ од честитки по гласањето во Собранието

По синоќешниот драматичен политички ден, во кој со 80 гласови ЗА, односно двотретинско мнозинство Собранието ја почна процедурата за уставни измени , не престануваат да пристигнуваат честитки по повод одлуката на пратениците.

Меѓународната заедница,странски и домашните политичари ја поздравуваат одуката за отпочнувањето на процедурата за уставни измени, која синоќа со двотретинско мнозинство беше подржана во македонското собрание.Најголемиот број честитки пристигнаа преку Твитер, дел од нив напишани на македнски јазик.

„Еден глас еден голем чекор поблиску до заземање на местото кое ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница“, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Со заедничко се огласија еврокомесарот Хан и високата претставничка Федерика Могерини.

,,Oчекуваме националните процедури за спроведување на Договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени. Европската Унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребни се политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот, наведуваат Хаи и Могерини во соопштението.

Честитки за македонскиот Парламент за поддршката на уставни измени, согласно Преспанскиот договор, преку Твитер упати и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

,,Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ “, напиша Бејли.

Синоќешното гласање во македонскиот Парламент го поздрави и државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, кој посочи дека тоа е огромен чекор напред кон ЕУ и НАТО.

Единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО, подравено и од известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл и европратеникотЕдвард Кукан, според кого овој почеток на процесот, претставува многу значаен чекор напред.

„Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, и интересите на партиите да се подредат на заедничката цел“, порачува Вајгал.

Според австрискиот канцелар Себастијан Курц постигнатиот договор во македонскиот Парламент дава силен ветар в грб на напорите за почеток на пристапни преговори со ЕУ следната година.

Успехот на земјава, откако Собранието усвои одлука за пристапување кон уставни измени, го поздравија и домашните политичари. Шефот на македонската дипломатија порача дека секој

„Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот. Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ЌЕ НЕ БИДЕ! И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, објави Димитров на Твитер.

И лидерот на Демократската унија за интеграција-ДУИ Али Ахмети се заблаодари за поддршката за пристапување кон уставните измени во, како што вели, овие одлучни времиња.

,,Нашиот пат кон НАТО и ЕУ е еднонасочен, враќање назад нема. Тие 80 пратеници што гласаа „за“, но и тие коишто се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост... истакнува Ахмети.

Честитки преку социјалните мрежи испратија и албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на дипломатијата Беџет Пацоли.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер