Вистина за црвеното месо и ракот на дебелото црево: Што е точно, а што е заблуда? - Канал 5

Вистина за црвеното месо и ракот на дебелото црево: Што е точно, а што е заблуда?

Познатиот лекар Питер Атија реагираше на низа истражувања во кои се наведува дека оваа храна е тесно поврзана со опасниот и исклучително распространет облик на канцер.

Вистина за црвеното месо и ракот на дебелото црево: Што е точно, а што е заблуда?

Иако резултатите од неколку големи студии покажуваат дека ултра-обработеното црвено месо може драстично да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево, познатиот лекар Питер Атија тврди дека ова е голема заблуда и дека црвеното месо незаслужено е на „столбот на срамот“.

„Последните извештаи кои сугерираат дека црвеното месо предизвикува рак на дебелото црево се навистина лоша наука која е заснована на бројни грешки“, убеден е Атија.

Тој додава дека истражувачите не успеале да ја нагласат разликата помеѓу „нормалното“ месо, како што е стек, и ултра-обработеното месо како што е виршлите.

Атија смета и дека е направена грешка и кога не се земал предвид фактот дека луѓето кои не јадат црвено месо обично се грижат за исхраната и редовно вежбаат. Ова може да биде објаснување зошто црвеното месо е поврзано со ракот на дебелото црево, бидејќи луѓето кои јадат овој вид месо најчесто имаат нездрави животни навики.

- Мислам дека сè се сведува на видот на месото што го консумирате и јасно е дека не секое црвено месо се третира еднакво. „Ова е пример за лоша наука која никогаш нема да изумре“, тврди Питер Атија.

Посетуваме, црвеното месо вклучува говедско, свинско, јагнешко и месо од дивеч. Од друга страна, ултра-преработеното месо вклучува виршли, сланина, шунка и колбаси.

- Луѓето кои престануваат да консумираат црвено месо се свртуваат кон физичката активност, престануваат да пушат и јадат повеќе овошје и зеленчук. Ако се земат предвид сите овие работи и ако нормализираме... На пример, консумирањето зеленчук, целосно ги елиминира лошите страни на црвеното месо и неговата потенцијална канцерогеност“, тврди Атија.

Како што додава тој, кога ќе ги споредите луѓето кои јадат црвено месо и оние кои не јадат, ја добивате оваа разлика во ризикот од рак.

„Меѓутоа, кога ќе почнете да правите корекции, вклучувајќи ја и количината на зеленчук, наеднаш почнуваат да исчезнуваат штетните карактеристики на црвеното месо“, заклучил д-р Атија, пренесува Дејли мејл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Го купувате вашиот прв SUV?

 Пет прашања што ќе би помогнат да го избегнете погрешниот избор

Го купувате вашиот прв SUV?

Купувањето на првиот теренец честопати започнува со едноставна желба за повеќе простор, подобра видливост и попрактичен автомобил. Иако понудата е огромна, разликите меѓу моделите не се секогаш очигледни, а ниската почетна цена не мора да значи најдобар избор. Автомобил кој на прв поглед изгледа прифатливо може да стане значително поскап по додавање на посакуваната опрема, додека поголем модел не значи дека е и покорисен. Пред да донесете одлука, вреди да одговорите на овие пет прашања што откриваат колку добро автомобилот навистина ги задоволува вашите потреби.

Колку простор навистина ви е потребен?

Не мора да купите голем SUV за да биде практичен. Поважно е колку лесно со него се снаоѓате низ градот, дали лесно може да се смести багаж и дали нуди доволно простор за патниците. Компактен SUV често е добро решение за возачите кои сакаат повеќе простор од класичен градски автомобил, но не сакаат отежнато паркирање и непотребно големи надворешни димензии.

При проценка на просторот, не е доволно да се земе предвид бројот на литри во багажникот. Вреди да се провери колку лесно се влегува на задните седишта, дали ентериерот може да собере поголеми предмети и дали автомобилот е доволно практичен за секојдневните градски обврски.

Што е вклучено во цената?

Два автомобила со слична почетна цена можат значително да се разликуваат по додавањето на посакуваната опрема. Затоа, не треба само да ги споредите основните износи, туку и да проверите дали камерата, сензорите за паркирање, поврзувањето со паметни телефони и системите за помош на возачот доаѓаат како стандардна опрема или се плаќаат дополнително.

Која опрема всушност ќе ја користите?

Подобар избор не е нужно моделот со најмногу карактеристики, туку оној со корисни функции достапни во пакет што одговара на вашиот буџет. Опремата што возачот ја користи секојдневно е поисплатлива на долг рок отколку некој атрактивен додаток што ќе се заборави по првите неколку недели.

Дали погонот одговара на вашите навики?

Возач кој поголем дел од патот го поминува низ град нема исти потреби како некој што често вози на отворен пат. Пред да купите, треба да ја процените годишната километража, типичните рути и очекуваната потрошувачка.

Дали автомобилот ќе ви одговара за неколку години?

Првиот теренец често се купува поради промени што допрва доаѓаат, почести патувања или нови семејни потреби. Затоа треба да размислите однапред: дали ќе има доволно простор и опрема, колку лесно ќе се користи автомобилот на дневна основа и дали ви дава чувство дека нема набргу да стане премногу мал или застарен.

Најдобриот баланс помеѓу цената, опремата и долгорочната вредност не се наоѓа во една информација. Тој доаѓа кога автомобилот се вклопува во реалниот живот, кога корисната опрема не бара низа додатоци и кога купувачот добива доволно простор и технологија без да плаќа за она што не му е потребно. Овој баланс е најважниот критериум при изборот на вашиот прв теренец.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на 40 метри над земјата: Електричар останал да виси, па снимил последна порака до жена му и децата (ВИДЕО)

Електричар од Чикаго бил заробен шест часа на џиновски билборд на бензинска пумпа во Илиноис откако кранот на кој работел се расипал.

Драма на 40 метри над земјата: Електричар останал да виси, па снимил последна порака до жена му и децата (ВИДЕО)

Додека чекал помош, на висина од околу 40 метри, во еден момент помислил дека можеби нема да преживее и решил да сними последна порака до сопругата и децата.

„Навистина немаше воздух“

Еј Џеј Гоув работел во Вилмингтон на 21 јули кога кранот се расипал. Тој бил заробен во структурата на џиновски рекламен знак.

„Беше жешко. Навистина немаше воздух, па испратив колега долу. Му реков: „Оди да земеш вода и мојот вентилатор на батерии“. Тој се спуштил, а кога повторно се кренал, кранот се расипал и тој не можел да се врати“, рекол тој.

Обидите да се поправи кранот биле неуспешни. До околу 14 часот, Гоув бил заробен на врвот од структурата четири часа. Со текот на времето, неговата состојба почнала да се влошува.

„Се чувствував ужасно. Му реков на колегата: „Викни брза помош. Не ме интересира што треба да направиш, само спушти ме долу“, објасни тој.

Ситуацијата стана многу сериозна во еден момент.

„Немаше скали“

„Бев навистина исплашен и не знаев што ќе се случи. Да, се испаничив“, се присети електричарот.

Плашејќи се дека можеби нема да се извлече од структурата, реши да сними пораки за сопругата и децата, објавува LadBible.

„Не дај Боже нешто да се случи, тоа би биле моите последни зборови. Всушност, збогум без да се каже зборот „збогум““, рече тој.

Спасувачите пристигнаа со пожарникарите од Вилмингтон.

„Немаше скали ниту скалила вградени во знакот, па не можевме да го достигнеме човекот. Нашите скали не беа доволно високи“, рекоа службениците.

Безбедно спуштање на земјата

Спасувачите прво испратија дрон во близина на отворот на знакот за да остварат визуелен контакт со електричарот додека менаџерите на операциите развија план за спасување.

Во меѓувреме, скршениот кран беше спуштен и отстранет. Потоа беше испратен соодветен кран од блиската област Жолиет.

Тој „падна“ на билбордот и Гоу беше безбедно спуштен на земја. Немаше повредени за време на интервенцијата.

YouTube video

Гоу оттогаш се врати на работа и продолжува да поправа знаци високо над земјата. Сепак, едно искуство го научи на важна лекција.

Отсега натаму, вели тој, нема да ја напушти корпата на кранот, за да не се зароби повторно десетици метри над земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка

Најновиот летен топлотен бран доведе до тоа крокодили од Нил прв пат да се изведат природно на фарма за крокодили во Пјерлат, во југоисточна Франција, без човечка интервенција, соопшти раководството на фармата.

Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка

Фармата за крокодили соопшти дека десет крокодили, чие природно живеалиште е реката Нил во Африка, се извеле од јајца без човечка интервенција во регионот Дром, и дека нивното природно доаѓање на свет било можно за прв пат, благодарение на топлината акумулирана во почвата за време на жешкото лето, објавува „Ле Фигаро“.

„За прв пат имавме инкубација што се одвиваше 100 проценти во природни услови“, рече Самуел Мартин, ветеринар на фармата.

Тој рече дека фактот што нилските крокодили во Франција почнаа да се ведат од јајца во природни услови е загрижувачки и дека тоа е пред сè „знак на климатските промени“.

Мартин додаде дека сите десет бебиња крокодили се „многу добро“ и внимателно се следат.

За да се развие и изведе нилски крокодил, неговото јајце мора да се чува на константна температура помеѓу 30 и 32 степени Целзиусови во текот на три месеци. Во претходните години, ветеринарниот персонал собираше крокодилски јајца и ги ставаше во инкубатори, но оваа година, повторените топлотни бранови создадоа идеални услови, дозволувајќи им на суптропските видови природно да се размножуваат во песокот, кој ја задржува топлината од денот дури и ноќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер