МакедонијаВисоките температури загрозувачки за сите земјоделски култури, наводнувањето неопходно Високите температури кои деновиве на некои места надминуваат 40 степени, се загрозувачки за сите земјоделски култури. Предизвикуваат поизразено губење на почвената влага, а растенијата се принудени интензивно да транспирираат. Како што велат агрометеоролозите, при недостиг на вода во текот на растот и развојот на културите може да дојде но намалување на приносот и квалитетот и затоа, наводнувањето е неопходно. -Повеќето култури, како овошките, се во фаза на берба. Јаболкото припаѓа на групата култури со најголема потрошувачка на вода и е во фаза на појава на зрели плодови, а целиот вегетациски период му е осетлив на недостиг на вода. Летните сорти круша се во фаза на берба, тие имаaт помала потрошувачка на вода, но и по бербата треба да се наводнуваат заради формирање родни пупки за идната година. Некои сорти винова лоза се во фаза на зреење и недостигот на вода може директно да влијае на синтезата на шеќер, ароматичните и други материи, објаснуваат агрометеоролозите. Според нив, градинарските култури кои се во интезивен раст и берба, исто така имаат потреба од вода. -Секоја култура во својот развој има потреба од вода и секој недостиг на вода во овие фази силно се одразува на приносот. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, а треба да се продолжи и со грижата и примената на сите потребни агротехнички мерки. Со правилен режим на наводнување се постигнуваат поголеми приноси, напоменуваат агрометеоролозите. Под влијание на топол бран до утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за јули и во одредени региони ќе достигне 43 степени. УХМР за недела најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. И температурата ќе биде во опаѓање. Тагови: земјоделски производи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Карпош.„Добар ден и од мене. Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места. Од друга страна, кога ќе биде изградена оваа спортска сала, да можат оние коишто таа спортска сала ќе ја користат — а тоа се учениците од ова основно училиште — да можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и на тој начин да растат во, би рекол, подобри личности, бидејќи во спортот секогаш духот е најбитен, натпреварувачкиот дух од една страна, од друга страна како личности. Јас би сакал да ја изразам својата голема благодарност до градоначалникот на Општина Карпош, до советниците од Советот на Општина Карпош коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да се заблагодарам и на администрацијата, бидејќи без администрацијата овие проекти не можат да бидат подготвени за да бидат потоа и финансирани. Да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Карпош, на Градот Скопје, на советниците од Градот Скопје, на колегите од Владата, се разбира, Министерството за образование и наука, министерката и сите останати коишто се вклучени во реализација на овој проект. Сепак, повеќе од 1.200 градилишта на целата територија на државава е бројка којашто е за почит и бројка којашто бара една озбилна организација од сите институции. Ценам дека наскоро од денеска и двата проекти ќе бидат готови, и улицата и оваа спортска сала, и ќе можеме да бидеме сите ние заедно присутни тука да ги отвориме овие два проекти — најпрвин улицата, потоа и спортската сала. Така што, уште еднаш, еве, нека е аирлија и нека ни се множат вакви проекти.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважноНовиот „Renault Scenic E-Tech“ нуди 642 км автономија и побрзо полнење.„Renault“ претстави подобрувања за „Scenic E-Tech“, три години по премиерата на овој електричен кросовер. Моделот сега добива нова „LFP“ батерија, побрзо полнење, понапредни безбедносни системи и интеграција на технологијата „Google Gemini AI“. Надворешните промени се скромни. „Scenic“ добива нови црни детали на браниците, 19 и 20-инчни тркала и две нови бои – „Satin Blue Slate“ и „Exo Galaxy Grey“. Поголеми промени во дизајнот, вклучувајќи можна нова решетка инспирирана од моделот „Megane“, се очекуваат подоцна. Во кабината, најголемата новина е интеграцијата на „Google Gemini AI“ во мултимедијалниот систем „openR link“, како замена за „Google Assistant“. „Renault“, исто така, обезбедува 2 GB мобилни податоци месечно во текот на три години со автомобилот. Безбедносната опрема е исто така подобрена. Нова камера го следи заморот на возачот и овозможува негово препознавање, додека системите за помош при возењето носат попрецизно следење на околниот сообраќај, подобро одржување на лентата, автоматско сопирање во случај возачот да не реагира и понапредна предикативна функција за еко-возење. Подолг дострел и побрзо полнење Најважните промени се скриени под каросеријата. „Scenic E-Tech Comfort Range“ сега користи „LFP“ батерија од 67 kWh, што овозможува до 467 km според „WLTP“ стандардот. Тоа е 37 km повеќе од претходно. Поддржано е брзо полнење со моќност до 165 kW, така што батеријата може да се наполни од 15 до 80 проценти за само 24 минути. Поголемата „NMC“ батерија од 89 kWh, достапна во верзијата со долг дострел, сега овозможува до 642 km дострел, или 17 km повеќе од претходно. Полнењето од 15 до 80 проценти трае 28 минути со полнач со моќност до 150 kW. И двете верзии користат преден електричен мотор со моќност од околу 220 КС. „Renault Scenic E-Tech“ продолжува да се произведува во фабриката „ElectriCity“ во Франција, додека електричните мотори се испорачуваат и од француска фабрика лоцирана во Нормандија. Извор: Б92Тагови: Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКадиров: Руската армија е способна да ја освои ПолскаЧеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри телевизиски изјави, во кои тврди дека руската армија е способна да ја освои Полска и да го продолжи напредувањето кон Германија и Франција, пренесува телеграм-каналот Niyso.Опозицискиот медиум на неговите зборови одговори со иронија, објавувајќи податоци според кои реалноста на фронтот во Украина е сосема поинаква. Наводно, блиски лица на руските војници масовно се молат за дожд, со надеж дека ќе се намали активноста на дроновите и дека ќе можат да ги извлечат ранетите. Додека Кадиров ваквите закани ги повторува веќе петта година, заменик-претседателот на советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати директни закани за напади врз германски одбранбени фабрики поради нивната поддршка за Украина. Медведев ги отфрли обвинувањата на Берлин за руски напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа. Во меѓувреме, експерти предупредуваат дека тензиите во Европа се зголемуваат и дека русија би можела да го нападне стратешки важниот, но слабо заштитен норвешки архипелаг Свалбард.Тагови: Кадиров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook