Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотВисока е над 2 метра, сопругот е далеку понизок и ги шокираат сите: Тој ми е сродна душа(ВИДЕО)Од десетгодишна возраст, Елисана Силва почнала да забележува дека е многу повисока од нејзините соученици, па дури и од семејството.Во таа фаза таа веќе била висока 175 сантиметри, но продолжила да расте, а сега како 26-годишна е висока повеќе од 2 метра. Како што пренесува Метро, нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока само 162 сантиметри, додека нејзиниот татко Луис Хорхе е висок 170 сантиметри, па не мислеле дека тоа е поради генетика. „Уште како десетгодишно дете забележав дека нешто не е во ред, бидејќи јас бев единствена во семејството и класот кој беше висок неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство бидејќи бев највисокиот член на толку млада возраст“, рече Елисана. „Почнав да чувствувам силна болка во коските и голем притисок во главата поради брзиот раст, па решивме да посетиме лекар. Предложија да се направат некои рутински тестови за да дознаат зошто сум толку висока, но бидејќи моето семејство не можеше да ги плати медицинските трошоци, тоа не беше можно“, продолжила таа. View this post on Instagram A post shared by Elisane Silva (@elisane_oficial) Сепак, една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна и решиле да ги покријат сите трошоци за нејзините тестови. Кога ги добила резултатите, лекарите откриле дека во нејзината хипофиза расте бениген тумор, кој предизвикува хиперпродукција на хормонот за раст и е причина за нејзината состојба. Растењето не ѝ било лесно на Елисана и често била малтретирана, а луѓето ја нарекувале со погрдни имиња како жирафа, светилка и џин. Коментарите имале значително влијание врз нејзиното ментално здравје и таа на крајот го напуштила училиштето. „Се сеќавам дека се затворив дома затоа што ми се гадеше од навредливите коментари и зборовите што луѓето постојано ми ги кажуваа“, рече Елисана, „Решив да се откажам и тоа беше најтешката одлука што некогаш морав да ја донесам бидејќи сакав да продолжам со образованието, но знаев дека повеќе нема да издржам во таа средина“. View this post on Instagram A post shared by Elisane Silva (@elisane_oficial) Потоа, во 2011 година, таа го запознала Франчиналдо и брзо се заљубиле и покрај висинската разлика. Една година подоцна, Франсиналдо ја запросил, а парот се венчал во 2015 година. „Почувствував инстант поврзаност во моментот кога го запознав, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 162 сантиметри, што е над 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е грижа. Иако беше љубопитен за мојата висина и состојба, не даваше лоши коментари и не ме осудуваше поради мојот изглед“, рече таа. "Тој беше првиот човек кој ме третираше како човек, а не како некој изрод. Иако има очигледна разлика во висината, ние не го гледаме тоа како проблем бидејќи се сакаме такви какви што сме и не би сакале ништо да се промени“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Elisane Silva (@elisane_oficial) Иако поминала многу години чувствувајќи се несигурна за нејзината височина, таа вели дека нејзиното семејство ѝ помогнало да научи да сака да биде таква. „Научив да се сакам себеси поради мојата единствена висина, бидејќи нема никој друг како мене и мислам дека тоа е прилично посебно. Најдов добар човек кого го сакам, имам прекрасен син, прекрасно семејство и благодарна сум што Бог ме научи да ги надминам овие пречки во животот. Не дозволувајте лошите коментари на луѓето да се мешаат во вашиот живот, бидејќи не е нивно место да ве осудуваат врз основа на тоа како изгледате или кого сакате. Останете верни на себе и ќе живеете среќно“, заклучила таа. View this post on Instagram A post shared by Elisane Silva (@elisane_oficial) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook