Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП во Виена: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги
2Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП во Виена: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги
3Димитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали – ги намалуваме трошоците и ја јакнеме конкурентноста на домашната индустрија
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
РакометВисла осминафинална пречка за Вардар во Лигата на шампионитеРакометарите на Вардар за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите во осминафиналето ќе мора да ја минат полската екипа Висла.Првиот натпревар меѓу овие два тима се игра вечерва (почеток 20:45 часот) во „Орлен Арена“. Вардар од вчера е во Полска, а ракометарите го одработеа и тренингот пред дуелот. Полската екипа во групната фаза на домашен терен постигна победи над европскиот шампион Флензбург и над Барселона со Кирил Лазаров, но загуби од дански Колдинг. Тоа е екипа составена од квалитени интернационалци и полски репрезентативци. Вардар во првиот осминафинален дуел ќе влезе со серија од четири победи во Лигата на шампионите, секако најзначајната над бундеслигашот Рајн Некар Ловен. „Црвено-црните“ на гостински терен во групата постигнаа три победи (Рајн Некар Ловен, Цеље и Чеховски Медведи), додека нерешено одиграа со Монпеље, а двата пораза (дома и гости) ги претрпеа од Веспрем. Самиот натпревар ќе биде интересен и поради фактот што на клупите на двата тима се наоѓаат шпански тренери Маноло Каденас (Висла) и Раул Гонзалес (Вардар). На првиот натпревар од осминафиналето синоќа Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 30:34. Денеска се играат натпреварите: ППД Загреб – Колдинг, Ла Риоха – Веспрем и Данкерк – ПСЖ. Утре на програмата се дуелите: Монпеље – Киелце, Флензбург – Кил и Алборг – Барселона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИтно слетување на авион со повеќе од 230 лица: Активиран аларм, патниците евакуираниПатнички авион со 232 лица изврши итно слетување во Ерфурт, Германија откако за време на летот се појави чад од непознато потекло и го активираше противпожарниот аларм. Во инцидентот нема повредени.Авион на „Џет2“ со 225 патници и седум членови на екипажот изврши итно слетување на аеродромот во градот Ерфурт во централна Германија поради чад во авионот, но според локалните медиуми, никој не е повреден. Портпаролот на аеродромот во Ерфурт го наведе појавувањето на чад од непознато потекло како причина за итно слетување на патничкиот авион, објавува германскиот неделник „Штерн“. Според достапните информации, авионот „Ербас А321“ на британската авиокомпанија „Џет2“ полета од Грција за Лондон, но за време на летот беше активиран противпожарен аларм, по што авионот безбедно слета во Ерфурт, потоа беше евакуиран, а патниците беа сместени и згрижени на терминалот. „Џет2“ соопшти дека за летот до Лондон ќе биде обезбеден втор авион. Противпожарната служба на аеродромот не потврди дека избувнал пожар во авионот, а портпаролот на аеродромот сè уште не дал поконкретни информации за инцидентот, но Штерн рече дека авионот засега ќе остане во Ерфурт за технички преглед. Извор: Б92Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски од Политичкото собрание на ЕПП во Виена: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслугиМинистерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена.Андоновски денеска учествуваше на панел-дискусијата „Проширувањето на Европската Унија: Од посветеност до подготвеност на земјите кандидати“. Во своето обраќање ја поздрави стратешката определба на Европската народна партија за продолжување на политиката на проширување, оценувајќи дека актуелните геополитички случувања уште еднаш потврдуваат дека проширувањето не е само една од политиките на Европската Унија, туку стратешка инвестиција во иднината, безбедноста и конкурентноста на Европа. „Прашањето денес не е дали проширувањето е потребно. Прашањето е дали Европа е подготвена своите стратешки амбиции да ги претвори во политички одлуки“, истакна Андоновски. Тој нагласи дека подготвеноста за членство има две страни – обврската на земјите кандидати да ги спроведуваат реформите и подготвеноста на Европската Унија да ги прифати оние држави кои ги исполнуваат критериумите. Говорејќи за реформите во Македонија, министерот истакна дека дигиталната трансформација претставува еден од клучните двигатели на европската интеграција. „Дигиталната трансформација не е само технологија. Таа го менува начинот на функционирање на државата. Кога институциите електронски разменуваат податоци, се намалува бирократијата. Кога услугите се дигитални, се намалува корупцијата. Кога секоја службена постапка остава дигитална трага, се зголемува отчетноста. Тоа не се ИТ проекти, туку суштински реформи за владеење на правото и поефикасна јавна администрација“, рече Андоновски. Тој потсети дека преку националниот портал денес се достапни повеќе од 300 електронски услуги, дека платформата за интероперабилност поврзува речиси 100 институции, а државата воведува SMART лиценци, електронско управување со документи, дигитален идентитет и дигитален паричник. Андоновски посочи дека токму реформите во областа на дигитализацијата имаат значаен придонес во успешната имплементација на Реформската агенда, при што речиси една четвртина од досега обезбедените средства преку Инструментот за реформи и раст се поврзани со исполнувањето на реформите во дигиталниот сектор. Осврнувајќи се на Планот за раст, СЕПА и иницијативата „Роаминг како дома“, Андоновски нагласи дека тие се важни придобивки за граѓаните, но не смеат да станат замена за полноправното членство. „Овие иницијативи треба да бидат мост кон членството, а не негова замена. Најголемата сила на процесот на проширување отсекогаш била неговата кредибилност – кога една држава ги исполнува критериумите и ги спроведува реформите, таа треба да напредува“, истакна Андоновски. Во завршницата од своето обраќање, тој порача дека процесот на проширување мора да остане заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, а не да биде заложник на билатерални прашања. „Доколку реформите станат споредни во однос на билатералните спорови, се доведува во прашање кредибилноста на целата методологија на проширување. Ако сите се согласуваме дека Европа се протега од Украина до Ирска и од Кипар до Финска, тогаш треба да разговараме како европските компании, научници и иноватори заеднички ќе победуваат во глобалната трка за вештачка интелигенција, квантни технологии и нови индустрии. Политиките на блокади не ги запираат нашите глобални конкуренти – тие само ги ограничуваат европските партнерства и европскиот потенцијал“, порача Андоновски. Во рамки на вториот ден од Политичкото собрание, свое обраќање на работниот појадок на експертите за проширување ќе има и пратеничката Иванка Василевска.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали – ги намалуваме трошоците и ја јакнеме конкурентноста на домашната индустријаСобранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија.Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на конкурентноста на македонската економија. Намалувањето на царинските стапки ќе придонесе за намалување на трошоците на компаниите, особено во преработувачката индустрија, и ќе овозможи подобри услови за производство и извоз. Мерката е насочена кон зајакнување на извозната конкурентност на домашните компании, зголемување на инвестициите, отворање нови работни места и обезбедување повисок девизен прилив во државата. Измените се подготвени во консултација со стопанските комори и претставуваат продолжение на реформите започнати минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше реализирано првото намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки што важат во Европската унија. Со новите измени се предвидува целосно усогласување на царинските стапки за овие производи со стапките што се применуваат во Европската унија, при што се земени предвид и правилата на Светската трговска организација. “Со усвојувањето на овој закон испраќаме јасна порака дека сме посветени на создавање поконкурентна и поотпорна домашна економија. Од 1 јули компаниите ќе имаат пониски трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што директно ќе влијае врз нивната продуктивност, конкурентност и извозен потенцијал. Нашата цел е македонските компании да имаат услови што се споредливи со оние во Европската унија, да инвестираат повеќе, да отвораат нови работни места и да создаваат поголема додадена вредност во економијата“, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа нагласи дека Владата продолжува да спроведува политики кои обезбедуваат предвидливо и поволно деловно окружување и силно партнерство со бизнис-заедницата, со крајна цел забрзување на економскиот раст и обезбедување повисок животен стандард за граѓаните. Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања. Министерство за финансии Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter