Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување - Канал 5

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата.

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување

Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград.

Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита основаноста на обвинителниот акт.

Судот му наложи на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад - во рок од три денови од денот на прием на препис на одлуката, да донесе наредба за дополнување на истрагата со налози во поглед на околностите што бараат дополнителчно разјаснување.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ поради падот на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите успешно лансираа ракета од новата генерација „Долгиот марш“ (ВИДЕО)

Кина денеска успешно ја лансираше ракетата-носач „Долгиот марш 10Б“ од Центарот за лансирање Венчанг во јужната кинеска покраина Хајнан .

Кинезите успешно лансираа ракета од новата генерација „Долгиот марш“ (ВИДЕО)

Ова го означи првото контролирано враќање на првата фаза од ракета-носач, што ја претставува иднината на кинеските вселенски летови.

Ракетата, во својот прв лет, испрати товар во одредена орбита, објави „Синхуа“.

По одвојувањето на првата и втората фаза од ракетата, првата фаза се врати и беше успешно слетана на морска платформа со помош на систем за фаќање мрежа. И лансирањето и враќањето на првата фаза беа успешно завршени.

YouTube video

Мисијата го означи првото успешно контролирано враќање на првата фаза од ракета-носач во Кина, за кое „Синхуа“ рече дека е голем пробив во технологијата на ракети за повеќекратна употреба.

YouTube video

Ракетата-носач „Долгиот марш 10Б“, нова генерација ракети „Долгиот марш“, има капацитет од 16 тони на надморска височина од 200 километри во ниска орбита и најмалку 11 тони на 900 километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)

Патниците на летот на „Рајанер“ од Солун до Минхен доживеале драматични моменти откако, според извештаите на грчките медиуми, прозорецот на авионот се скршил за време на летот. 

Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)

По инцидентот, авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун.

Според грчките медиуми, декомпресија се случила во кабината, маските за кислород паднале, а патниците се обиделе да го држат човекот кој седел до оштетениот прозорец. Според тие информации, станува збор за 61-годишен државјанин на Србија.

Патничка во авионот изјавила за Радио Солун 94.5 дека за време на летот се слушнал силен тресок.

„Звучеше како да пукнала гума. Настана паника, луѓето врескаа и лелекаа бидејќи веднаш изгубивме висина поради декомпресија. Во еден момент помислив дека некој случајно го отворил излезот за итни случаи. Сите веднаш ги ставивме маските“, рекла таа.

„Главата му беше надвор од авионот“

Истиот патник опишал и драматичен момент со 61-годишен патник кој седел до прозорецот.

„Го зграпчија и го држеа. За среќа, не го симна безбедносниот појас. Главата му беше целосно надвор од авионот. Девојките што седеа до него го влечеа. И некои лекари дојдоа да му помогнат“, рече таа.

Претседателот на грчката федерација на болнички работници ПОЕДИН, Михалис Јанакос, објави дека станува збор за „скоро трагедија“. Според него, телото на мажот завршило делумно надвор од авионот, а неговата сопруга ги држела неговите нозе додека другите патници не успеале да го вратат во кабината.

„Во овој момент во болницата АХЕПА се наоѓа 61-годишен Србин со изгореници од триење што ги добил на летот за Минхен. Прозорецот на авионот се скршил, неговото тело излетало во воздух, а неговата сопруга ги држела неговите нозе за да не одлета. Со помош на многу патници, успеале да го вратат во кабината“, напиша Јанакос.

Патникот завршил во болница, а бремената жена била прегледана

Според информациите што ги објавија грчките медиуми, повредениот патник бил подигнат со амбулантно возило и пренесен во болницата АХЕПА во Солун. Според извештаите, тој претрпел повреда на вратот и изгореници од триење, а во болницата бил свесен.

На истиот лет, бремена патничка била префрлена во болницата „Хипократ“ како превентивна мерка. Според достапните информации, на неа ѝ бил направен ултразвук, по што била отпуштена бидејќи не било пронајдено ништо загрижувачко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светот минатата година добил речиси милион нови милионери

Светот доби речиси еден милион нови милионери во 2025 година, објави Еуроњуз. 

Светот минатата година добил речиси милион нови милионери

Медиумот пресметал дека во просек дневно милионери станувале 2.700 луѓе, или речиси двајца секоја минута.

Источна Европа го забележала најбрзиот процент на раст, додека Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери. Пет европски земји ги зазедоа првите пет места на глобалната ранг-листа на триесетте најбрзорастечки земји, односно, Литванија, Турција, Летонија, Унгарија и Ирска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер