Виш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казни - Канал 5

Виш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казни

Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки  за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК.

Виш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казни

Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК, се сомничи за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Официјално, надлежните не го откриваат името на обвинителот, но неофицијално, станува збор за Пецо Везироски – раководителот на вишото битолско обвинителство, кое пред неколку месеци беше во фокус на јавноста откако му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за милионски криминал во РЕК Битола.

-Обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека вишиот обвинител го искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. – ОЈО ГОКК.

Сепак засега нема официјална потврда дали токму случајот со враќањето на пасошот на Марковски навистина е дел од случаите за кои се сомничи обвинителот. Од друга страна, ОЈО ГОКК побара на осомничениот обвинител да му се определат мерки на претпазливост, а не ефективен притвор. Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките, но за разлика од соопштението на обвинителството, судот во својата објава ги наведува иницијалите на битолскиот виш јавен обвинител Везировски.

-Судија на претходна постапка по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерки на претпазливост против П.В – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК. – Основен Кривичен Суд Скопје.

Полицијата вчера извршила и претрес во домот на обвининителот, а пронајдени и одземени се 6 телефони, УСБ и еден компјутер, кои понатаму ќе бидат предмет на вештачење. Пецо Везироски е на чело на вишото јавно обвинителство во Битола нешто повеќе од 4 години, откако беше избран за виш јавен обвинител од страна на на советот на јавни обвинители на 30 септември 2022 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди

Следува соодветна пријава.

Лишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор.

Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година.

На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството Холандија

На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот.

Средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството Холандија

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, оствари средба со Нона Де Јанг, регионален координатор за безбедност во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Јурген Флајшман одбранбено аташе на Краството Холандија во Република Македонија и Зоран Дранговски, политички службеник за безбедност и стабилност во холандската амбасада во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот, со посебен акцент на улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста, политичката стабилност на Западен Балкан и значењето на добрососедските односи како важен фактор за регионалната стабилност.

Претседателот Арсоски ги запозна соговорниците со работата на Комисијата за одбрана и безбедност, истакнувајќи ја добрата соработка со членовите и замениците членови на Комисијата, Владата и надлежните министерства, како и со останатите институции и чинители во безбедносниот сектор. Тој го истакна значењето на постигнатиот политички консензус меѓу парламентарните партии во однос на прашањата од областа на одбраната и безбедноста.

Во разговорот беше нагласено значењето на исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во НАТО, вклучително и континуираното зголемување на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Претседателот Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет на државата да достигне 5 % од БДП.

Во овој контекст, тој го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности и за дополнителен развој на европската, но и на домашната одбранбена индустрија. Арсоски истакна дека Македонија има воспоставена соработка со стратешки партнери, меѓу кои САД, Холандија и Турција, во процесот на модернизација на Армијата, додека паралелно се преземаат активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија.

Истакната беше и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка, особено во областа на одбраната и безбедноста, како придонес кон зајакнување на довербата и стабилноста на Западен Балкан. Во таа насока, беше разменето мислење за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и за потребата од заеднички придонес кон зачувување на мирот и стабилноста.

Од страна на соговорниците беше поздравено активното учество на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии, како и нејзината посветеност кон исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во Алијансата. Оценето беше дека продолжувањето на соработката со сојузниците и партнерите, како и одржувањето на добрососедските односи, се од особено значење за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер