Вирусот што го убива ракот за прв пат е тестиран на луѓе и покажува одлични резултати - Канал 5

Вирусот што го убива ракот за прв пат е тестиран на луѓе и покажува одлични резултати

Медицината секој ден сѐ повеќе напредува, а тоа го покажуваат истражувањата на научниците кои постојано доаѓаат до нови откритија.

Вирусот што го убива ракот за прв пат е тестиран на луѓе и покажува одлични резултати

Овој пат добри вести доаѓаат од Велика Британија, каде што научниците дошле до неверојатно откритие - вирус кој во иднина би можел да лекува рак.

Новиот тип на терапија, која што користи вирус чија цел е да ги уништи клетките на ракот, покажала позитивни резултати на првите тестови кај луѓето, потврдија научниците. Кај еден пациент ракот целосно исчезнал, додека кај други се намалил. Лекот што се користи е всушност ослабена форма на вирусот на херпес симплекс модифициран да убива тумори, јавува Би-Би-Си.

Кшиштоф Војковски, 39-годишен градежен работник, е еден од пациентите кои учествувале во првата фаза од испитувањето. Тој објаснува дека во 2017 година му бил дијагностициран рак на плунковните жлезди и покрај операцијата и другите третмани на кои бил подложен, неговиот рак не се намалил, туку продолжил да расте.

"Лекарите ми рекоа дека нема повеќе опции за мене, дека нема решение. Ме советуваа да се откажам, но тоа беше поразително за мене. Ниту една секунда не размислував кога ме поканија да се приклучам на истражувањето. Немав што повеќе да изгубам“, изјави Војковски, кој добил одлична вест по краткото лекување. Неговиот рак го нема.

„Примав инјекции на секои две недели во период од пет недели кои целосно ми го искоренија ракот. Сега веќе две години сум без рак“, додава тој.

Инјекциите кои се инјектираат директно во туморот го напаѓаат ракот на два начина - со инвазија на канцерогените клетки, што предизвикува нивно распаѓање и со активирање на имунолошкиот систем. Во споменатото истражување учествувале околу 40 пациенти, некои ја примиле самата вирусна инјекција, додека други добиле друг лек против рак наречен Ниволумаб.

Авторот и водач на студијата, професорот Кевин Харингтон од Универзитетот во Лондон, изјави за Би-Би-Си дека одговорот на телото на терапијата е „навистина импресивен“ во различни фази на рак, без разлика дали е тоа почетна форма или веќе напреднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тесна трка меѓу Јотова и Ѓуров и ниска излезност на претседателските избори во Бугарија

Разлика од помалку од 43 000 гласа меѓу кандидатурите на Илијана Јотова и Андреј Ѓуров на вчерашниот прв изборен круг за претседателски и потпретседателски избори во соседна Бугарија.

Тесна трка меѓу Јотова и Ѓуров и ниска излезност на претседателските избори во Бугарија

Јотова / Валчев добија 34,8% од гласовите, додека на второ место се Ѓуров / Кандев со 32% добиени гласови.

Катастрофално ниската избирачка активност– една од најниските досега во Бугарија, кризата со нападите од дронови врз бугарските бродови во Црното море после која Јотова одлучи да не го свика Безбедносниот совет, но и внатрешно-политичките скандали како убиството на бизнисменот Слави Бинев и нападот врз новинарката од член на обезбедувањето на претседателката на парламентот, според бугарските аналитичари, се причините за овој резултат кој е на прагот на статистичка грешка. Дополнително, како што велат аналитичарите, доколку Јотова загуби во вториот круг, во Бугарија би можело сериозно да започне дискусија и за оставка на кабинетот на Румен Радев.

-Илјана Јотова не е Румен Радев. Не може да биде. Секако, кредибилитетот на владата и ова огромно мнозинство дојде со довербата што ја обедини околу себе. И според мене, она што доведе до овој резултат е комбинација од надворешни фактори што се случија во меѓународната ситуација и бугарската политичка ситуација. Од друга страна, постојат работи што влијаат на односот меѓу оние на власт и Илјана Јотова, и сегашниот претседател. И од трета страна, грешките и настаните во самата кампања.- Мила Мошелова, политолог

По завршувањето на изборниот ден, ниту Јотова ниту Ѓуров не побараа конкретна политичка поддршка од партиите и нивните лидери. Сепак, бугарските аналитичари оценуваат дека за вториот круг Јотова ќе ја побара поддршката од гласачите на Преродба, додека пак, Ѓуров ќе се обиде да ги собере гласовите од ГЕРБ и останатите антивладини гласови. Јотова и Ѓуров ќе се соочат во одлучувачкиот втор круг на 1 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мозочниот удар не бира возраст

Ниту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. 

Мозочниот удар не бира возраст

Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска.

Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службеници

Дали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? 

Дејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службеници

Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи.

-Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат

Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“.

-Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат

Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер