Вирус го собори Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот од првото коло од Западната конференција на азиската Лига на шампиони против Ал Шорт поради вирусна инфекција, јавува денеска АП.

Во соопштението за медиумите на Ал Наср се наведува дека Роналдо не се чувствува добро поради вирусна инфекција, поради што не ни отпатувал во Ирак.

Клупскиот лекар потврди дека португалскиот фудбалер треба да мирува.

Натпреварот меѓу Ал Шорт и Ал Наср се игра вечерва од 18 часот во Карбала.

Марко: Верстапен ќе стане шампион бидејќи Норис има психолошки слабости

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко објасни зошто е уверен дека Макс Верстапен ќе ја освои титулата, а не Ландо Норис од Мекларен.

-Макс е најдобар, тој е најбрз и пред се е ментално силен да се бори за светската титула. Во ова тој е супериорен во однос на Шарл Леклер и Ландо Норис. Знаеме дека Норис има некои психолошки слабости. Прочитав дека треба да прави некои ритуали за да се претстави добро на денот на трката, изјави Марко.

Верстапен претходно изјави дека крајот на тековната сезона, според него, нема да биде толку напнат поради борбата со Норис како што беше со Луис Хамилтон од Мерцедес во 2021 година.

Во моментов предноста на Верстапен во однос на Норис е 52 бода. Остануваат уште шест трки до крајот на сезоната 2024.

Следната етапа од Формула 1 шампионатот е од 18 до 20 октомври во Остин (САД). /МИА

СЗО: Во Појасот Газа напредува вториот круг вакцинација против детска парализа

Повеќе од 92.000 деца во Појасот Газа ја примиле втората доза на вакцина против детска парализа откако вчера почна новиот круг вакцинација, соопшти денеска Светската здравствена организација во Женева.

Израел се согласи да паузира во борбите за да ја олесни кампањата за вакцинација, како што тоа го направи во текот на првиот круг во септември, откако во Газа беше откриен првиот случај на полио во последните 25 години.

СЗО моментално работи со партнерски организации во центарот на крајбрежната област за да се дистрибуираат новите дози.

Тимовите за вакцинација потоа ќе се преселат на југ пред да заминат на север за да вакцинираат вкупно повеќе од 590.000 деца под 10-годишна возраст во вториот и последен круг. Децата тогаш треба да имаат целосна заштита од болеста.

Детската парализа има тенденција да се шири каде што многу луѓе живеат заедно под лоши хигиенски услови.

Едногодишната офанзива на Израел против милитантите на Хамас уништи огромни области на Газа и остави голем дел од здравствената инфраструктура во урнатини.

Стотици илјади луѓе побараа засолниште во кампови со шатори и сместување во итни случаи.

Првиот случај на детска парализа во последните 25 години е регистриран во Појасот Газа летото. Болеста може да предизвика трајна парализа, па дури и смрт. /МИА

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Родилиште според највисоки стандарди во Македонија.

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев. Новиот оддел на Клиниката располага со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи. Центарот за мајка и бебе овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето.

Тимот на доктори го предводи примариус д-р Љупчо Петровски - гинеколог акушер, субспецијалист перинатолог, а дел од тимот се и спец. д-р Ирена Андонова –гинеколог акушер, спец. д-р Ненад Лазаров-гинеколог акушер, спец. д-р Владимир Кижески-гинеколог акушер, спец. д-р Виолета Николов-гинеколог акушер, д-р Весна Деловска – специјалист педијатар неонатолог, специјалист д-р Лилјана Николиќ – педијатар неонатолог и други.

„Отворањето на Центарот за мајка и бебе е заокружување на нашата цел, создавање на комплетен здравствен центар и интегрирана клиника со сите услуги на едно место. Создадовме породилен центар со единствен концепт, што е и инвестиција во македонското здравство, така што со услугите ќе придонесе за подобрување и унапредување на породилната пракса во нашиот здравствен систем. Со ова ја комплетираме инвестицијата од 5 милиони евра, што ја започнавме со нова опрема, унапредување и проширување на постоечките оддели, отворање неколку комплетно нови оддели и ангажирање на врвни доктори специјалисти“, истакна д-р Жан Митрев.

Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои ќе бидат на располагање во центарот во секое време и грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа. Областите во кои ќе делува центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностичките испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.

„Применуваме сеопфатна едукација пред и по породувањето, вклучување на семејството во грижата и негата за родилката и новороденчето. Во овој Центар грижата за мајката и бебето е комплетна и на располагање 24 часа. Лекарот во кого е стекната доверба пред породувањето, односно оној кој ја водел бременоста, ќе биде сигурно достапен, односно присутен на самиот чин на раѓање“, потенцира доктор Лазаров, специјалист гинеколог акушер.

Опремата составена од гинеколошки столови и столови за раѓање, ЕХО апарати, ЦТГ апарати, инкубатори со температурна контрола, ресусцитатори, двофункционални блендери со ЦПАП и навлажнет воздух со висок проток, е набавена од истакнати и врвни светски производители со што се докомплетира овој инвестициски циклус во вредност од над 5 милиони евра.

Центарот започнува со следење на трудниците уште во првиот триместар, менаџирање на патолошки состојби во бременоста, безбедно и безболно породување, и адекватно следење во постпарталниот период. Неонатолошкиот оддел е опремен со најсовремена опрема и искусен медицински персонал кој работи со интердисциплинарен пристап обезбедувајќи комплетна педијатриска грижа за новороденото.

Центарот за мајка и бебе, е подготвен да ги пречека и да ги прими првите пациентки и да ги згрижи мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.

А за поголема достапност, по повод отпочнувањето со работа на центарот креирани се специјални пакети без дополнителни или скриени трошоци.

притисни ентер