Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул - Канал 5

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

 Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе допатува в петок во Англија на задолжителните медицински прегледи пред неговиот трансфер во Ливерпул, објави денеска „Скај Спортс“.

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

Вирц ќе се пресели во редовите на новиот англиски првак од Баер Леверкузен, откако двата клуба се договорија за трансферна сума од 116,5 милиони фунти, од кои 100 милиони се загарантирани, а остатокот во форма на потенцијални бонуси.

Во зависност од неговите перформанси, годишната плата на Вирц ќе биде од 195.000 до 245.000 фунти неделно.

Трансферот на Вирц се случува на негово барање, одбивајќи да биде продаден на друг тим.

„Скај Спортс“ наведува дека Вирц совршено се вклопува во тактичката поставеност на Ливерпул и во англискиот тим гледа најдобар потенцијал за развој.

Минатата сезона, Вирц одигра 31 натпревари во Бундеслигата и заврши со десет голови и 13 асистенции. /МИА

Германскиот претседател Штајнамаер ја поддржува задолжителната воена служба во Бундесверот

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се изјасни за воведување нова форма на задолжителна воена служба за зајакнување на вооружените сили на земјата, кави ДПА.

Германскиот претседател Штајнамаер ја поддржува задолжителната воена служба во Бундесверот

Германија ја суспендираше регрутацијата во 2011 година, но таа останува вградена во Основниот закон, што е де факто Устав на Германија, и таа може да се врати со просто мнозинство во парламентот.

-Сега ни е неопходна дебата за регрутацијата, изјави Штајнмаер за јавниот радиодифузен сервис ZDF во интервју кое треба да се емитува вечерва, пренесува ДПА.

„Јас сум за задолжителна воена служба“, повтори претседателот, оправдувајќи го својот став со променливата безбедносна ситуација во Европа, војната на Русија во Украина и ставот на американската администрација кон трансатлантските односи.

Штајнмаер рече дека министерот за одбрана Борис Писториус е во право што се стреми да го направи попривлечно приклучувањето кон германските вооружени сили- Бундесверот.

Но, додаде, дека никој не знае дали тоа ќе биде доволно.

„Затоа сега ни е потребна дебата за регрутацијата, дури и ако не можеме да ја спроведеме преку ноќ“, додаде тој.

Општа задолжителна служба, која би важела и за жените, меѓутоа, ќе бара измена на Основниот закон.

Германската влада на канцеларот Фридрих Мерц се обврза да бара доброволна воена служба како дел од својот коалициски договор, а министерот Писториус планира засилувањето на Бундесверот да го почне со 15.000 нови доброволни регрути.

Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

Фудбалерите на Ливерпул попладнево против Престон го одиграа првиот натпревар без Диого Жота во составот, откако португалскиот фудбалер во сообраќајна несреќа на почетокот на месецот го загуби животот. 

Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

Сите на стадионот „Дипдејл“ одадоа почест за Жота и неговиот брат Андре Силва. По интонирањето на химната на Ливерпул, која ја пееја сите на стадионот, капитенот на Престон Бен Вајтман положи венец пред навивачите на Ливерпул.

Од спортскиот дел Ливерпул го совлада Престон со 3:1 во првиот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона, а сите стрелци за „црвените“ на симболичен начин головите му ги посветуваа на доскорешниот клупски колега. /МИА

Извршен увид по тешката сообраќајка на патот Прилеп – Градско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на експресниот пат Прилеп - Градско, каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени три лица. 

Извршен увид по тешката сообраќајка на патот Прилеп – Градско

Како што информира Јавното обвинителство, во несреќата автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете, кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.

Од местото се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

притисни ентер