Виолончелист Хахназарјан и пијанистката Шевченко од Казахстан на Охридско лето

По вчерашниот целовечерен концерт на „Танец“ пред исполнетиот Антички театар, музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот настап на познатиот ерменски виолончелист Нарек Хахназарјан и пијанистката Оксана Шевченко од Казахстан.

Според музичкиот селектор на програмата на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, фестивалската публика има неповторлива можност да чуе музичар од помладата генерација, за кого критиката вели дека поседува „извонредна комбинација на техника и музикалност“.

Хахназарјан и Шевченко веќе подолго време настапуваат заедно. Во 2011 година постигнале голем успех на натпреварот „Чајковски“ во Москва, каде Хахназарјан освоил прва награда и златен медал, а Шевченко се стекнала со наградата за најдобар пијано-соработник.

И двајцата имаат активна изведувачка дејност. Настапувале со некои од најпознатите оркестри во светот и соработувале со голем број реномирани изведувачи и диригенти. На репертоарот на овие двајца исклучителни изведувачи се дела од Лудвиг ван Бетовен, Роберт Шуман, Петар Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович, Сергеј Рахмањинов и Мстислав Ростропович. Концертот е во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

До 9 час. излезноста за претседателските избори е 4, 34 проценти, за парламентарните 4, 66 %

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Ќе се гласа до 19 часот..Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица .

Според информациите на Државната изборна комисија до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4, 34 %., а за парламентарните одзивот е 4, 66 проценти од гласачите. Најмала излезност има во Боговиње.

Пред државната изборна комисија е Елизабета Дамјаноска Спасеновска .Повели Бети со информациите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер