3Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
КултураВиолистот Дритон Гаџа, солист со Македонската филхармонија Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Во боите на барокот“. Диригент ќе биде маестро Борјан Цанев, а како солист ќе се претстави македонскиот виолист Дритон Гаџа, кој веќе неколку години живее и работи во Германија и активно настапува на европските сцени.Дритон Гаџа за македонската публика ќе ги изведе Концертот во G-dur од Георг Филип Телеман и романтичниот Концерт во c-moll од Јохан Кристијан Бах. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе и Симфонијата бр.103 во Es-dur од Јозеф Хајдн, една од неговите т.н. „лондонски“ симфонии, но и една од најпознатите на австрискиот композитор. Дритон Гаџа (1978) е роден во Скопје, а веќе неколку години живее и работи во Германија. На петгодишна возраст се запишува на виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а на 12 години почнува да студира виола во истото училиште, во класата на проф. Љупчо Соколов. По завршувањето на средното образование, Гаџа е примен на студии заедно со уште шестмина студенти, меѓу 72 кандидати, на една од најдобрите школи во Франција - Конзерваториумот „Souperier National de Region Boulogne“ во Париз. Гаџа потоа се запишал на студии на Високата музичка школа во Вирцбург каде дипломира и магистрира во класата на проф. Рајнер Шмит и Фабио Марано. Посетува мајсторски курсеви со проф. Шмит, како и со познатиот романски квартет „Voces“, со кого реализира и заеднички концерти. Но, како што и самиот вели, за него еден од поважните педагози со кого сè уште соработува е виолистот и виолинист Григори Жислин. Дритон Гаџа е добитник на неколку значајни награди, меѓу кои и првата награда на Натпреварот за виола во Скопје, прва награда на Натпреварот за камерна музика во Скопје, трета награда на Натпреварот за виола на Универзитетот во Вирцбург... Уште од неговото пристигнување во Германија, тој соработува со престижни оркестри како соло-виолист, меѓу нив и со Камерата „Франконија“ под водство на Григори Жислин, Камерниот оркестар на Вирцбург, Светскиот камерен оркестар на Франкфурт, како заменик-водач на виолите во северниот Оркестар во Порто, Португалија, Европската камерна филхармонија и со Камерниот оркестар на солистите од Санкт Петербург... Гаџа настапувал со други оркестри во најзначајните музички сали, какви што се Филхармонијата во Келн, Концертната сала во Берлин, Херкулес салата во Минхен, Минхенската филхармонија, Ројал Алберт хол во Лондон, Старата опера во Франкфурт, во најважните сали во Јужна Кореја и на други концерти низ Шпанија, Франција, Данска, Белгија, Италија, Холандија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Рецептот на БокиВо четврток (24.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојан Илиевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 350 гр. доматно пире 250 гр. кашкавал малку оригано масло сол, сув зачин и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter