Виолинистот Роман Симовиќ на концерт со Македонската филхармонија - Канал 5

Виолинистот Роман Симовиќ на концерт со Македонската филхармонија

Црногорскиот виолинист Роман Симовиќ вечер ќе одржи симфониски концерт со Македонската филхамонија, насловен „Чајковски и Бетовен“.

Виолинистот Роман Симовиќ на концерт со Македонската филхармонија
Симовиќ (1981) е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, а во исто време е ангажиран и како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија.

Тој за македонската публика ќе го изведе еден од најпопуларните концерти за виолина, виртуозниот концерт за виолина и оркестар бр. 1 од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

Диригент ќе биде маестро Борјан Цанев, а ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 од музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.

Наградите се уште една потврда за неговата исклучителна уметничка физиономија: Родолфо Липицер (Италија), Сион-Вале (Швајцарија), Јамполски виолинскиот натпревар (Русија), Хенри Виењавски (Полска), кои го сместија меѓу најзначајните виолинисти од неговата генерација.

Како солист настапувал со врвните ансамбли како што се Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на театарот Марински од Русија, Камерниот оркестар „Франц Лист“ од Унгарија, Камерата Берн од Швајцарија, Камерата Салцбург од Австрија, Филхармонијата на Прага... Настапувал со повеќе диригенти и на речиси сите значајни фестивали за класична музика, а соработува и со врвни уметници како што се Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Џулијан Рахлин, Симон Трпчески...

Негова пасија е и камерното музицирање. Основач е на реномираниот гудачки квартет „Рубикон“, а како професор постојано одржува мастер-класи во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Црна Гора, Израел... Симовиќ свири на виолина од марката „Страдивари“ од 1709 година.

Роден е во Русија, неговиот дедо е Црногорец кој таму емигрирал, татко му е од Украина, а неговата мајка е Русинка. Со семејството емигрирал од Украина во 1991 година, во најлошото време за овие простори, во време на војна, инфлација, ембарго. Посочува дека бил принуден да си замине и од Украина, каде што, исто така, ситуацијата била лоша.

Студирал на Академијата во Цетиње, а со стипендијата која ја добил од државата заминал во Москва на постдипломски студии кога почнала и неговата сериозна уметничка приказна./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер