3Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураВиолинистот Рахлин со Македонската филхармонија ќе го отворат годинашното 64. „Охридско лето“ Светски познатиот уметник од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе го отвори годинешното Охридско лето. Светски познатиот уметник од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе го отвори годинешното 64. Издание на најголемата и најпрестижна културно-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Како што беше итакнато на денешната прес-конференција на која беа презентирани деталите од фестивалската програма, рахлин претсавува уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. -И оваа година зачекоривме со голема возбуда, но и со стремеж да го зачуваме реномето на најпрестижна културно-сценска манифестација. Предизвикот да се биде домаќин на уште едно незаборавно издание на фестивалот „Охридско лето“ нѐ обврза да понудиме квалитет со кој на сцената по 64 -ти пат ќе одекне магијата на бројните светски музички гласови и творечкиот дух на врвните театарски претстави, истакна директорката на манифестацијата, Наташа Поповиќ. Таа посочи дека вработените во Фестивалот се целосно и професионално посветени на сценско-техничката подготовка со што ќе биде овозможена беспрекорна реализација на претстојното „Охридско лето“. -Ве уверувам дека и оваа година, на ова 64-то фестивалско издание, ќе го направиме престојот на уметниците беспрекорен, а сликата што ја оставаме величенствена и достојна за Фестивал кој е ширум познат по културните вредности кои ги поседува. Најважно од сè, ќе создадеме вредност во која ќе уживаат сите љубители наметноста во текот на 40-те фестивалски вечери, рече таа. Од 12 јули до 20 август на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма. Селекторката на музичката програма, маестра Бисера Чадловска, изрази задоволство што на отворањето заедно со маестро Рахлин на Античкиот театар ќе настапат уметниците од Македонската филхармонија која оваа година го одбележува 80 години од постоењето. -Не очекуваат голем број настани, со бројни домашни узведувачи, кои воопѓто не заостануват во квалитетот зад светските музички имиња. Меѓу нив пијано дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска, Влатко Стефановски на гитара кој одбележува 50 години солистичка кариера, потоа традиционалниот концерт на Камерниот оркестар на музичката младина, . Има и два концерт постветени на макеоднските композитори, Томислав Зографски и Стојче Тошевски, како и на Гоце Коларовски, рече Чадловска. Од странските уметници во музичката програма ќе ги видиме и чуеме гитристот Герхард Рајнбах, пијанистот Гери Даглас, виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки со пијанистот Андреј Гугнин, Доминик Вагнер на контрабас...Тука е и концертот на Црногорскиот симфониски оркестар, Адријатик пијано квинтетот, триото „Халир“ и многу други. Последниот ден од музичката програма е резервиран за врвната белгиска виолончелистка Ками Тома, во пијано придружба на пијанистот Жулиен Брокал. На роденденскиот концерт на фестивалот ќе настапи салса бендот „Меркадонегро“, како концерт што ќе ги разбие класичните концертни содржини. Селекторката на драмската програма на „Охридско лето Сања Арсовска за престојното фестивалско издание најави разновидна театарска авантура, со разноликост во столовите, форматите, естетитеката, драматургијата, со најголема застапеност на женските ликови. -Она што ќе ја одбележи овогодинешната програма се трите театарски премиери – на домашните театари од Велес и Битола со претставите „Рацин“ и „Галеб“, како и светската премиера на „Кралот Лир“ на Лит Мун Ворлд театарот од Санта Барбара, Калифорнија, појасни таа. Арсовска уште ги најави театарските изведби на Совенечкото гледалишче од Марибор со „Безгрешна“ во режија на познатиот Томаж Пандур и неговата сестра која ја завршува претставата по неговата смрт, потоа стенд-ап шоуто со познатиот српски и интернационален актер Никола Ѓуричко, „Лет над кукавичиното гнездо“ со Драмскиот театар од Белград и „Алиса во земјата на стравовите“ со Југословенското драмско позориште исто така од Белград. На прес-конференцијата уште беше истакнато дека Фестивалот „Охридско лето“ како дел од Европската фестивалска асоцијација ќе продолжи да ги негува високите културни вредности за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиониИталија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи. Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим. Соработка Берлин-Рим Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство. Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин. Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter