Винисиус: Сакам да останам во Реал долго време - Канал 5

Винисиус: Сакам да останам во Реал долго време

Бразилскиот фудбалер на Реал, Винисиус Жуниор, изрази желба да остане во мадридскиот клуб долгорочно. Договорот на 25-годишникот со „Лос Бланкос“ важи до летото 2027 година.

Винисиус: Сакам да останам во Реал долго време

Претходно, „Indykaila News“ објави дека клубот од Саудиска Арабија доставил понуда од приближно 230 милиони евра до Реал Мадрид за Бразилецот, но „Кралскиот клуб“ ја информирал заинтересираната страна дека играчот нема да биде продаден во зимскиот преоден рок.

- Сакам да останам тука долго време. Се зборува многу за мојот договор бидејќи сум во последната година од него. Не сме загрижени за тоа, изјави Винисиус за „TNT Brasil“.

Тој го нагласи својот доверлив однос со претседателот на клубот, Флорентино Перез.

- Му верувам на Перез, а и тој ми верува мене. Имаме многу добри односи и ќе средиме сè кога ќе дојде вистинското време. Нема брзање, додаде фудбалерот.

Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во тој период, тој освои три титули во шпанското првенство и две титули во Лигата на шампионите. Оваа сезона, напаѓачот одигра 30 натпревари за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер