Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
1Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
ЖивотВини 2 - првото клонирано куче од Британија!Мини Вини е првото кученце клон во Британија. Тоа е клон на „оригиналното“ Вини, чија сопственичка, 29 годишната Ребека Смит, победила на натпреварот организиран од јужнокорејската фирма „Sooam Biotech“. Ребека, чие кученце Вини има веќе 12 години, имала огромна желба да добие клон, идентичен на нејзиниот миленик!Мини Вини е родено на 30 март, со употреба на ДНК од кучето на Ребека, Вини. Мини Вини е родено во лабораторија во Сеул, Јужна Кореа. Тоа ќе биде префрлено во Лондон, да живее со Ребека, кога ќе наполни 6 месеци. Целиот процес на неговото создавање е снимен со ТВ камери и ќе биде емитуван денеска - пишува Дејли меил. Како е направен клонот на Вини? Се земаат живи клетки од куче кое е живо или во првите 5 дена по смртта. Се избира сурогат мајка. Од јадрото на јајце клетката се ортстранува ДНК на сурогат мајката, а се вбрузгува ДНК на кучето кое се клонира. Се формира клониран ембрион кој се поставува во сурогат мајката.Целиот процес се завршува за еден ден, а цената за клонирање на кучиња е 100 000 долари. Јужнокорејската фирма „Sooam Biotech“ до сега клонирала голем број кучиња - спасувачи или полициски кучиња за јужнокорејската влада, како и бројни миленици во САД! Клонирање на кучиња - да или не? Јужна Кореа почна да клонира кучиња во 2005-та. По клонирањето на првото британско куче Вини се надева дека ќе добие барања за клонирање на уште миленици оттаму - пишува Дејли меил. Но, експертот за клонирање Џон Востендајк вели дека индустријата за клонирање на кучиња е базирана во Јужна Кореа бидејќи таму нема строги етички правила за третман на кучињата како во Европа или САД на пример. Тој вели дека некои од кучињата кои се користат како донатори на јајце клетки или сурогат мајки, по процесот ги убиваат и ги јадат! Еден од научниците кој учествувал во клонирањето на овцата Доли, Иан Вилмут, вели дека не е сигурен во бенефитот од клонирање на кучиња. - Сопствениците на клонираниот миленик ќе бидат разочарани. Карактерот на миленикот зависи од тоа како се однесуваме со него, а ако потрошите 60 000 фунти на клонирано куче, не е сигурно дали со него ќе се однесувате исто како со „оригиналот“ - вели д-р Иан Вилмут. Првиот клон - овцата Доли Првото животно кое беше клонирано беше овцата Доли, во 1996 година во Шкотска. Доли животот го помина на Институтот каде беше создадена. Живееше 6 години, иако овците обично живеат двојно повеќе и се смета дека можно е кусиот век на Доли да се должи на клонирањето. Таа се разболела од болест на белите дробови и била успиена. По клонирањето на Доли почнаа да се клонираат и други животни - коњи, свињи, бикови...Но групите за заштита на животните не се согласуваат со клонирањето и сметаат дека постојат огромни ризици од деформитети, а ги критикуваат и методите кои ги користта научниците. Д-р Кети Тејлор, научник од Британија, вели дека секој клон е резултат на процес кој предизвикува голема болка и штети на голем број животни. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЖивотВидео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?Владата на САД објави нови снимки од неидентификувани воздушни појави, забележани од американските воени сили на Блискиот Исток. Ова претставува осма серија документи поврзани со НЛО што Пентагон ги објави оваа година. Најновата објава содржи 43 документи и снимки, вклучувајќи три видеа забележани во 2020, 2023 и 2026 година. Сите три снимки се направени од американски воени летала или други воени платформи на Блискиот Исток. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Снимките се направени со помош на воени камери и сензори способни да детектираат објекти врз основа на топлинско зрачење. Пентагон ги класифицира овие случаи како нерешени примери на неидентификувани аномални појави, познати под акронимот UAP. Видеото од 2020 година трае 20 секунди, снимката од 2023 година трае 13 секунди, а онаа од 2026 година трае 54 секунди. Материјалите ѝ биле доставени на американската канцеларија за истражување на неидентификувани феномени од страна на Централната команда на САД. Американските власти сè уште немаат утврдено што точно се гледа на објавените снимки. Нивното објавување не значи дека Пентагон го потврдил постоењето на вонземски летала или каков било вид вонземска технологија. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Американската војска го користи терминот „UAP“ за појави што не можат веднаш да се идентификуваат врз основа на достапните податоци. Ова не значи дека станува збор за вонземски летала; туку, тоа значи дека нивното потекло сè уште не е утврдено. Некои од овие појави подоцна можат да се објаснат како летала, беспилотни летала, балони, атмосферски појави или грешки во сензорите. Во други случаи, нема доволно податоци за сигурно да се утврди причината. Американските власти продолжуваат со постепено отворање на своите архиви кои се однесуваат на неидентификувани појави. Според Пентагон, се подготвуваат нови групи документи за јавно објавување, кои чекаат процес на проверка и отстранување на нивниот доверлив статус.Тагови: НЛО Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08