ФудбалВилмотс: Колективната игра е она што ја краси Македонија, но опасни се и од прекиниКолективната игра е она што ја краси репрезентацијата на Македонија, а опасни сте и од прекини, односно од слободни удари и корнери. Ова денеска го потенцираше селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Марк Вилмотс на последниот тренинг во Брисел пред утрешното заминување на „црвените ѓаволи“ за Скопје за натпреварот против нашиот национален тим кој ќе се одигра в петок. - Се разбира, не би требало да трошам зборови за тоа колку е квалитетен и опасен Горан Пандев, додаде некогашната белгиска фудбалска ѕвезда, а сега шеф на стручниот штаб на националниот тим на „црвените ѓаволи“. Според Вилмотс, не би било драматично ако петочниот меч на Националната арена „Филип Втори“ заврши и без победник, со тоа што Белгија би морала да оствари триумф на возвратниот натпревар во Брисел кој е закажан за вторник. - Но, јас не би бил најсреќен ако задутре не победиме, тоа е сигурно, искрен е Вилмотс. На денешниот тренинг се повреди Стевен Дефур (Порто) и според селекторот станува збор за повреда на препоните која е можно да го оддалечи од составот за првата средба во Скопје. Ситуацијата со капитенот Венсан Компани е идентична и тој тренира издвоено од останатите и до последен момент не се знае дали ќе настапи на првиот меч, иако се големи веројатностите тоа да се случи. А, ако игра в петок, белгискиот селектор со сигурност ќе го одмори за вториот меч во вторник поради барањето од клубот Манчестер Сити. Ако Компани не игра против Македонија, капитен на Белгијците ќе биде дефанзивецот на Арсенал, Томас Вермален. Тој вели дека тренираат напорно за петочниот натпревар и остава простор да видиме што ќе се покаже на теренот, иако потенцира дека трите бода за Белгија се многу важни. - Имаме добар моментум на позитивни резултати кој се надевам дека ќе продолжи со Македонија. Иако требаше синоќа, денеска ќе гледаме видео-снимки од натпреварите на нашиот претстоен противник. Знам дека најголемата опасност ќе доаѓа од Пандев, тој е одличен фудбалер, а го познавам и Иван Тричковски од Бриж. Во Скопје не очекува полн стадион со бучна публика која ќе ја поддржува својата репрезентација, но ние сме навикнати да играме такви натпревари и иако нема да биде лесно, ќе се обидеме да оствариме победа, рече Вермален за МИА. Според дефанзивецот на англиски Арсенал, во белгиската репрезентација се навистина изненадени од податокот дека македонските фудбалери добиле 17 жолти картони на четирите квалификациски средби, што, според него, покажува дека ги очекува голема борба на теренот. - Секој меч е важен отсега натаму. Нам ни се потребни двете победи во двомечот со Македонија и мислам дека имаме тим кој тоа ќе го обезбеди. Потребно е да ги спречиме Македонците во контра-нападите, додаде Вермален. Органиазтор на игртаа на Белгија в петок ќе бдие ѕвездата на Челзи, Еден Азар. Тој во изјава за МИА се потсетува на годинашниот дуел со Стеауа и дуелите со Даниел Георгиевски кој и на претстојните репрезентативни дуели очигледно ќе биде задолжен за брзиот и опасен полу-шпиц. - Го паметам македонскиот бек Георгиевски од дуелите на Челзи со Стеауа. Романците имаат одличен тим каде извонредно настапува и Георгиевски. Но, го паметам и по тоа што ми зададе голем број на удари во дуелите, вели Азар. Сепак, според плејмејкерот на Челзи и Белгија, неговата репрезентација оди по победа во Скпоје, но и реми нема да биде катастрофа. - Мојот колега во Челзи, Бранислав Ивановиќ, ми вети дека со репрезентацијата на Србија ќе ја победат Хрватска во Загреб, како негов подаорк за мене, па би било штета ние тој подарок да не го искористиме со две победи против Македонија, вели Азар. Иако селекторот Вилмотс не сака да ги открие 11-мината со кои Белгија ќе истрча на првиот меч во Скопје, белгиските новинари веќе го откриваат составот на „црвените ѓаволи“. Според нив, на голот ќе биде Тибот Куртоа, во одбраната би биле Алдервиелд, Вермален, Компани или Ванн Бајтен и Вертонген. Дефанзивни играчи за врска се стандардните Вицел и Дембеле, по крилните позиции се очекува да атакуваат Азар и Де Брујн, Фелаини се очекува д аигра зад напаѓачот каде селекторот се мисли дали да настапи од првата минута со Бентеке или со талентираниот Лукаку. Македонија и Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година ќе се сретнат в петок со почеток во 20:45 часот во Скопје, а четири дена подоцна, во вторник, истите селекции повторно ќе ги одмерат силите на сталот „Руи Бодуин“ во Брисел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 15. ноември 2026 година. Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00