3Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност
1Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ТенисВилијамс и Кербер финалистки во СтенфордАмериканката Серена Вилијамс и Германката Анџелик Кербер ќе се борат за трофејот на тенискиот турнир во Стенфорд, Калифорнија.Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето извојува лесна победа во два сета против Андреа Петковиќ (Германија) со 7:5 и 6:0. Вилијамс во првиот сет пропушти дури пет брејк-топки, но во вториот не и дозволи ниту еден гем на германската тенисерка. Кербер во втората американско – германска пресметка ја совлада Варвара Лепченко со 2:1 во сетови 4:6, 7:6 и 6:2. Лепченко во вториот сет имаше меч-топка, но не ја реализира. Финалето на ВТА турнирот во Стенфорд ќе биде шести меѓусебен меч за двете тенисерки. Во досегашните пет Вилијамс води со 4:1 во победи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНикола Јокиќ сака да остане во Денвер, но не брза со потпишување на нов договорТрикратниот добитник на МВП наградата во НБА лигата, српскиот ас Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор. Најдобриот НБА центар, Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќе почека уште малку пред да потпише нов договор. Нема простор за шпекулации за евентуално заминување, туку станува збор за чист бизнис, како што и самиот изјави по победата на Србија над Босна во Белград. „Мојата идеја и желба е да останам во Денвер. Веројатно ќе потпишам следната сезона; причината е чисто деловна. Би сакал да останам во Денвер до крајот на животот, но тоа зависи од нив“, изјави Никола Јокиќ по дуелот со Босна. Никола Јокиќ ќе почека до следната година за да потпише продолжување на договорот, што би му овозможило да склучи историски договор со „Нагетс“. Како што пренесува ESPN, Јокиќ ќе има право да потпише петгодишен договор вреден 359,5 милиони долари како слободен агент во летото 2027 година. Тој договор би бил најголемиот во историјата на НБА и би ја зголемил неговата заработка на неверојатни 724 милиони долари. Јокиќ веќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од околу 280 милиони долари, но чекањето до следната пауза помеѓу сезоните би му донело значително подобри услови, кои ќе ги искористи. Неговата лојалност е несомнена, но ова е шанса што не смее да ја пропушти. Популарниот Јока, речиси ја пропушти четвртата награда за најкорисен играч во кариерата, бидејќи минатата сезона имаше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции, шутирајќи 56,9% од полето.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
ЕвропаРусија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредениРуски сили во текот на ноќта извршија серија напади врз украинските градови Киев и Харков, при што загинале тројца луѓе, а најмалку 22 биле повредени.Во нападот врз Харков загинале најмалку двајца луѓе, а 20 се повредени, меѓу кои и тројца тинејџери на возраст од 14 до 17 години, Харков, вториот најголем град во Украина, се наоѓа на околу 30 километри од руската граница и во текот на целосната инвазија често е мета на ракетни и дронски напади поради близината до Русија. Првичните наоди на украинските власти укажуваат дека руските сили можеби користеле ракетен систем за повеќекратно лансирање „торнадо-с“ во нападот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола!„Додека цената на овој метал на Лондонската берза се искачи на вредност од над 13 илјади американски долари по тон, Македонија не ги користи своите значајни резерви. Производството во постојниот рудник „Бучим – Боров Дол“ постепено се намалува поради исцрпување на резервите. Од друга страна, проектот за новиот бакарен рудник во Иловица — кој според процените би можел да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво — и понатаму е во застој. Претходно нереализирани останаа и инвестиции како онаа во Казандол, па државата во моментов нема големи количини што може да ги понуди на светските пазари. Во меѓувреме, нови истражувања за бакар и антимон се вршат на локации во близина на Крива Паланка. Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнуваат дека се залагаат за економски развој преку почитување на високи еколошки стандарди. Тие ги повикаа институциите доследно да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи, а не под влијание на надворешни фактори. „Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа од иницијативата. Додека домашните проекти се соочуваат со низа административни и социјални пречки, ММФ оценува дека глобалните кризи извршиле сериозен притисок врз пазарот. Конфликтите предизвикале најмногу да поскапат бакарот (за 29,5 проценти) и алуминиумот (за 29,8 проценти). Во својот извештај насловен „Глобалната економија во сенка на војната“, Фондот предвидува дека овој тренд ќе продолжи. „Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали... Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата на ММФ. Покрај бакарот и алуминиумот, големи предизвици се појавуваат и кај ретките земни елементи. Поради ова, од ММФ упатија директен апел до владите ширум светот да промовираат комплементарни структурни реформи кои значително би ги поедноставили процедурите за издавање дозволи за рударство и би ги поттикнале неопходните инвестиции во металургијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43