Шоу бизВил Смит се огласи по тврдењата дека е геј (ВИДЕО)Вил Смит жестоко ги негираше тврдењата дека еднаш бил фатен како има секс со актерот од Принцот од Бел Ер, Дуан Мартин.Ова го вели во едно интервју неговиот поранешен личен асистент, Брет Билал. Билал тврди дека еднаш ги нашол Смит и Мартин како имаат секс во соблекувалната. „Ја отворив вратата од соблекувалната на Дуан и тогаш ги најдов како имаат анален секс. Вил беше наведнат на каучот, а Дуан стоеше таму и го убиваше, навистина го убиваше“, изјавил Билал во сега виралното интервју. Откако приказната се прошири, Смит се огласи преку портпаролот и ја нарече приказната „целосна измислица“. Тој најави и тужби. Дуан Мартин (58) беше во брак со актерката Тиша Кембел од 1996 до 2020 година. Со Смит соработуваше на неколку проекти, а во серијата Принцот од Бел Ер се појави во две епизоди играјќи го ликот на Др. Дуан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделениеОпштина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца. „Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Токму затоа минатата година ја воведовме оваа мерка, а продолжуваме и оваа година. Со бесплатните униформи сакаме да ги намалиме социјалните разлики, да спречиме тие да бидат причина за поделби или булинг и кај децата да го зајакнеме чувството дека сите подеднакво припаѓаат на своето училиште“, порача Герасимовски. Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент. Општина Центар ќе продолжи со оваа мерка и во наредните учебни години, при што бесплатни униформи ќе се обезбедуваат и за новите генерации ученици. Покрај бесплатните униформи, Општина Центар и оваа година ќе обезбеди бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта, како дополнителна поддршка за семејствата и убав почеток на нивното прво училишно поглавје. Со овие мерки, Општина Центар продолжува да инвестира во образование во кое секое дете има еднаква можност, еднаков третман и услови непречено да се посвети на учењето и својот развој. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook