МакедонијаВиктор Грозданов: Сашко Јанчев - Еко лажовЕдна позната личност колумнист ќе напише: „Да себиде пратеник е функција пред сѐ на чест, наблагородништво, на моќ и сила да ги застапуватеинтересите, соништата, идеалите и идеите налуѓето кои ве избрале за ваш лидер, застапник, зошто да не, и месија“За жал пратеникот од соодветната политичка партија е докажан Еко Лажго во врска со отворање на нови рудници, а јас нормално со доказ ќе го разобличам неговото манипулирање со јавноста и како ја доведува во заблуда популацијата на југоистокот. Но, тоа и не така страшно ако се земе во предвид кој се пратеници лажеле, лажат и во иднина има да лажат и крадат во оваа држава. Самиот пратеник одлучи не да биде запишан како пратеник со сериозен морален и етички кредибилитет, туку напротив се прогласи самиот за „монструм“ кој предизвика тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кога одлучи да се брани на суд како актуелен пратеник. „Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало како последица на повредите од сообраќајката“. „Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. објавија медиумите. Секој нормален во оваа држава веднаш без размислување би си дал оставка од позицијата пратеник и би барал прошка од фамилијата на детето и со наведната глава ќе ја пречека пресудата. Ама од плексиглас нозе не се прават. Само да потсетам. Што е Сашко Јанчев повеќе од следниов господин: „Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата“. И едниот и другиот извршиле убиство во тешки сообраќајни несреќи. Делото е исто, само што кај пратеников има олеснителна околност дека не бегал и пружал помош. Сега се поставува следново прашање до судските органи. За Љури може брзински да се суди, ама за пратеников идеме со девизата: Ај па следниот век ќе започне првото рочиште, нели? На овој пратеник кој се одлучил да биде морален монструм му препорачувам да седне некаде сам и да си ја донесе следнава одлука. Си давам оставка и се соочувам со правдата. Ако ја сака толку Левица како политичка партија. Искрено за мене ваков потег ќе биде сериозно изненадување зошто мислам дека платата и функцијата му се многу побитни отколку изгубенот живот на детето и животот на неговата фамилија која сигурно поминува низ сериозни трауми. Од човечност тука ќе сопрам. Но, покрај немилиот настан овој пратеник е во конкуренција за избор на прво место за нај нај нај „Еко Лажов“ во Македонија. Ниту неговите колеги Јованка Тренчевска, Миле Цеков и неговиот сограѓанин од Мрзенци, Гоце Тасевски неможат ниту да му се доближат. Овој пратеник си снимил видео и ни објаснува како Власта е ненародна поради тоа што дала концесии за да се извршат геолошки истражувања на потегот каде има металични суровини во Македонија, а тоа е целиот источен регион. И освен влевањето на страв кај населениото со непроверени информации потсетува и дека Власта имала две слаби точки, а едната се гласовите од граѓаните (директна уцена). Потоа се изјасни и дека: Кога ќе завршат овие геолошки истражувања доволно е само да се поднесе еден лист „Барање“ како документ и оп отвараш рудник и нели нормално загадуваш се. Епа ја доби титулата за нај нај нај „Еко Лажов“ зошто вистината како се отвара рудник е следнава. Рудните наоѓалишта се експлоатираат по следниве постапки: 1. Истражување и извидување за утврдување наместоположбата, големината и вредноста належиштата 2. Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата 3. Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската стопанска корист од рудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востануваат главните ризици што би произлегле од тоа. 4. Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот. 5. Проценка на влијанието врз животната средина 6. Градежни работи, постаување на инфраструктура и вградување на опрема 7. Работа со рудникот (експлоатација) 8. Рехабилитација на земјиштето за негова поинаква употреба во иднина. Еве тоа е ликот и делото на овој пратеник за кој има и информации за некакво насилие врз жени, ама јас нема да верувам дур не видам пријави до МВР, а ако има страв од поднесување стојам на располагање за помош каде има да ги активирам сите медиуми.СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ. Неговиот сограѓанин од фирмата Тас-Ком ДООЕЛ и местото се наоѓа во Јавор Џоко си објавува некои свои размислувања и лаги поврзани со рударството. Па така, негов фан од Битола напиша дека на мене и моите колеги од медиумите „Ќе ни е**л се женско во фамилија до трето колено“. И наместо да се извини сограѓанинов, си продолжува и сега лаже дека две национални телевизии го труеле македонското општество, а биле финансирани со пари од граѓаните. Драг, Гоце Тасевски мора да си признаам дека си поставив чудно прашање. Зарем можно е да си толку многу наивен, а тоа значи глуп? Директорот на Канал 5, 100 проценти има да ти мавне кривична, не прашта Мирчевски и има да осознаеш дека џабе ќе ти бидат јавувања.Но има друг проблем. Директорот на Сител Телевизија знае толку многу рударство и медиуми што ти 17 пати да се родиш нема да дојдеш до 0,000001 процент од неговото знаење. Сега кога им ги испраќам твоите лаги објавени на ФБ гарант директорот на Сител ќе се изнервира што ретко го прави тоа и јас ти посакувам само добро здравје. Ќе ти треба и тоа многу. П.С. Во следната колумна го посветувам моето внимание на Јованка Тренчевска рударот со завршен факултет Социологија на следниве теми,а се поврзани со бандата еколози од СДСМ и нивните еко пратеници коалициони партнери. 1. Кој го рекетираше Казандол во милионски сумидо затворањето во 2019 година? 2. Како го донесоа законот за животна средина со кој во овој момент веднаш 200 илјади вработени можат да останат без работа? 3. Кој дозволи да исчезнат 3.5 тони злато и да се нанесе огромна финансиска штета? Да живее Македонија! Извор: НетПрес- автор Виктор Грозданов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговоритеБугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија. -Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија. Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни. -Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија. Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
БалканДрама во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето. „Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.Тагови: пиштол Риека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУрбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во СкопјеГолеми канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“. Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти. Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат. Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано. Група Урбани Уметнички АкцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook