2Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаВикендов во Маврово се одржува Евро Куп во параглајдинг Овој викенд 26-27.06.2021 во Маврово се одржува традиционален параглајдинг натпревар "Маврово Опен 2021"м, соопшти Воздухопловната федерација. Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијал кој се одржува на 5 локации во светот вклучувајќи го и Маврово. На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер цела Европа и Балканот. Маврово е особено привлечно за параглајдери поради прекрасниот пејсаж над мавровско езеро. Организатор на настанот се параглајдинг клуб Кондор од Гостивар и Воздухопловна Федерација на Македонија. Овој настан доби поддршка од Агенција за млади и спорт. „Повелете во недела во Маврово да уживате во техниката на параглајдеристите кои ќе се борат што попрецизно да слетаат во цел. Особено сум среќен за поддршката која ја добив од Воздухопловната Федерација и Агенцијата за млади и спорт. Директорот Наумче Мојсовски е спортист пред се кој знае да процени вредни луѓе, професионалци, кои се ангажираат за доброто на спортот, рече организаторот Ментор Саити. . „Оваа година како и лани е особен предизвик и за организација и за учество на спортисти надвор. Сепак успеавме да ги придвижиме работите. Ги повикуваме граѓаните на спортски натпревар во недела во Маврово, настанот ќе се одржува од 09 до 17 часот кај жичарите. Ве очекува добар планински воздух и несекојдневен настан, рече Биљана Еверетте од Воздухопловната Федерација. Овој викенд е исто така значаен бидејќи Воздухопловната федерација во сабота во Маврово ќе ја формира првата Комисија за жени во спорт во историјата на воздухопловството. Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенција за млади и спорт и Влада . Во комисијата ќе членуваат воздухопловки од различни спортови (падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство) кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЕвропаМаѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско житоУнгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“. Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји. Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook