Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
2Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ТехнологијаВикендов ќе се појави посебен феномен – Супермесечина Во раните утрински часови на 9 февруари, на небото ќе се појави супер Месечина, пишува Mirror.Полната месечина се појавува на небото кога Месечината е на спротивната страна на Земјата во однос на Сонцето, што значи дека нејзината површина е целосно осветлена. Во исто време, Месечината ќе биде многу близу до нашата планета, што значи дека ќе се појави поголема и посветла на ноќното небо. Супер месечината ќе се појави во раните утрински часови на 9 февруари, а најинтензивна ќе биде во 08:33 CET. „Месечината ќе биде полна околу три дена, од петок навечер до понеделник наутро, правејќи го овој викенд - викенд на полна месечина“, рече Гордон Џонстон од НАСА. Овој вид Месечина има добиено повеќе имиња низ историјата, од кои најчеста е Снежната месечина или Месечината на гладните. И додека Месечината е полна повеќе пати во текот на целата година, овој пат ќе биде специфична "Траекторијата на Месечината околу Земјата е елипсовидна, што значи дека Месечината периодично се приближува и се оддалечува од Земјата. Најоддалечената точка на оваа елипса се нарекува агоге и е оддалечена 405.500 километри. Најблиската точка е перигеа и просечно е далеку околу 363.300 километри. Кога полната Месечината се појавува во перигеја, таа е малку посветла и поголема од обичната полна месечина и така ја добиваме Супер месечината “, објаснува Гордон Џонстон. Ако го пропуштите настанот овој викенд, за среќа, нема да мора да чекате долго за да се појави следниот пат и тоа на 9-ти март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 7. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 7. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас. Здравје и совет Неизбалансираност на крвната слика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност. Кариера Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите. Здравје и совет Ќе бидете поспани. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето семејстов како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера На дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред. Здравје и совет Контролирајте го количеството храна што го внесувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа. Кариера Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни. Здравје и совет Бидете тактични. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се. Кариера Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор. Здравје и совет Остварете се што ќе замислите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата. Кариера Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите. Здравје и совет Можна е преодна несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе. Кариера Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга. Кариера По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор. Здравје и совет Некои работи веќе ја губат смислата. Рак 22.6-22.7. Љубов Добро ќе ја разберетње саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е. Кариера Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата. Здравје и совет Посилни сте од повеќето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност. Кариера Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Мала главоболка или тага. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение. Здравје и совет Наскоро се ќе биде појасно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи. Кариера Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно. Здравје и совет Она што го немате, ќе го измислите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00