ЗабаваВикендов, 16-ти мото рок фестивал на спортскиот аеродром Аџитепе, Куманово Мотоклубот „Мечки“ Куманово по 16-ти пат го организира „Рок фестивалот“ на спортскиот аредором Аџитепе во Куманово, претстојниот викенд, соопштија денеска организаторите од клубот. Дводневниот фестивал ќе се одржи на 7 и 8 јуни годинава (петок и сабота). Влезот за посетителите е слободен. - Мотоклубот го организира „Беарс фестивалот“ на познатата локација Аџитепе. Почнуваме во петокот, после 19 часот со музичка програма продолжуваме во сабота од утринските часови со програма наменета не само за моторџиите, напротив за сите посетители од најмали до најстари. Дневната програма годинава е збогатена со интересни содржини, нека остане мало изненадување. Ќе има и хуманитарна активност со здружението „Ајде да шириме љубов“, изјави Игор Тимчевски од мотоклубот. Во петок ќе настапи прилепскиот бенд „Крос роад блуз бенд“, („Crossroad Blues Band“) како и „Прљави инспектор Блажа и Кљунови“ и кумановскиот бенд „Д Солушн бенд“, (Solution). - Сабота и годинава ќе ја отвори возобновениот кумановски бенд „Лектира“, белграѓаните „Ноќни путници“, следува блуз бендот „Сакис доволис трио“ (Sakis Dovolis Trio) од Грција и за крај легендарните „Електрични оргазам“, со нивните повеќе од познати хитови, вели Тимчевски. Годинава на моторџиското дружење во соработка со клубод Скопје ќе се организира „Спора трка“ каде победуваат вештите возачи. Од претходните искуства секоја година на рок фестивалот има повеќе посетители. Лани, имало близу 10.000 од државата и од соседството, и не само моторџии, туку и посетители од Европа. Поддржувачи на фестивалот се пријатели на клубот, приватни спонзори и општина Куманово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter