Вигенин:Политичарите во Скопје да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите

Потпретседателот на бугарското Собрание, Кристијан Вигенин денеска ги повика властите и партиите во земјава да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу Македонија и Бугарија.

– Ги повикуваме властите во Македонија, како и водечките политичари и партии, да се воздржат од изјави и постапки кои не водат кон решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација, која долгорочно може да го влоши дијалогот меѓу двете земји, изјави Вигенин, кој е потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Тој најави дека неговата партија ќе инсистира за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

– Настаните од последните денови во односите меѓу Македонија и Бугарија ја потврдуваат исправноста на ставот на БСП да не поддржи укинувањето на ветото за преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија, изјави Вигенин на брифинг со новинарите, по одолжувањето на точката од дневниот ред на денешната седница на бугарското Собрание по која требаше да се расправа за односите на Софија со земјава.

Расправата, иницирана од националистичката партија Преродба и на собраниската Комисија за политики за Бугарите во странство, беше одложена затоа што на седница не дојде шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, поради, како што беше соопштено, службено патување надвор од државата.

Милков вчера во обраќање на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел, говорел за најновиот развој на настаните во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Како што соопшти бугарското МНР, Милков ги информирал своите колеги „за влошената состојба во Република Македонија во однос на граѓаните на земјата со бугарско национално чувство“, со акцент на „тешкиот инцидент со претепувањето на Кристијан Пендиков во Охрид“.

Милков, при тоа, изразил жалење што овој „сериозен инцидент е дел од повеќето слични настани во последните месеци со антибугарски карактер“.

– Беше нагласена потребата Скопје активно и целосно да се заложи за заштита на правата на Бугарите во земјата, како и за исполнување на обврските преземени во рамките на процесот на европска интеграција на земјата, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера по завршувањето на седницата на Советот за безбедност, на која се разговараше за најновиот развој на настаните во односите се Бугарија, најави дека Советот ќе предложи до Владата да се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други лица, бидејќи постојат сомневања дека дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.

Претседателот на државата рече и дека се очекува на 4 февруари организирана група од Бугарија да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата, како што посочи Пендаровски, ќе има цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот додаде дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот европратеникот Ангел Џамбаски, пак и денеска продолжува со провокациите на адреса на Македонија. Тој денеска на Фејсбук објави: „Македонија била и е бугарска. Македонија е нешто друго – тоа е заслуга на Тито. Со забрани за влез во земјата, нема да ја избришете вистината“.

Џамбаски неодамна беше во Скопје, на одбележување на панихидата за Мара Бунева, при што упати провокативни пораки за територијални претензии и изјавувајќи дека македонските политичари се „србомани кои вршат геноцид врз Бугарите“, а земјава ја нарече „бугарска“.

Бугарското МНР тогаш се огради од ваквите ставови и нагласи дека тие не кореспондираат и не се став и на Бугарија како држава.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

Словачка одби да ѝ испрати помош на Украина, луѓето сами собрале 2 милиона евра за муниција

Словаците се лути поради одбивањето на словачката влада да обезбеди воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, оваа недела собраа речиси 2 милиони евра во кампањата да му помогнат на Киев да се снабди со муниција.

Украина има итна потреба од резерви на муниција по две години војна. Но, Словачка одби да се приклучи на планот на чешката влада да купи стотици илјади гранати како артилериска муниција за Украина. Најмалку 15 сојузници се приклучија на планот.

„Кога слушнав за иницијативата на чешката влада, бев многу среќен кога слушнав дека се истражуваат сите начини за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од (рускиот) агресор, бидејќи нема друг начин“, рече Ото Симко, 99 -годишен преживеан од Холокаустот и новинар кој помогнал да се започне словачка онлајн кампања за собирање средства.

Словачка ја прекина државната воена помош за Украина минатата година, тврдејќи дека конфликтот нема да се реши воено, а премиерот Роберт Фицо ја усвои руската реторика повикувајќи на мировни преговори. Украина вели дека ќе се бори додека руските трупи не се повлечат.

Во видеото објавено на страницата на Јутјуб на организаторот на кампањата, Симко вели дека Русија треба да биде истерана од Украина за „да може да се зборува за мир под услови кои ѝ одговараат на украинската независност“. Донаторите велат дека целта на кампањата е да се покаже дека мнозинството не се согласува со промената на владата во надворешната политика по изборите во септември.

Претходните влади обезбедија противвоздушна одбрана и борбени авиони за Киев, додека министерот за надворешни работи на владата на Фицо се состана со неговиот руски колега во март. Тоа беше редок состанок на високо ниво на кој учествуваа Москва и членка на Европската унија.

„Многу луѓе во Словачка се срамат од ориентацијата на владата кон Русија. Тоа е причината за ваквиот придонес на народот“, рече Зузана Изакова од граѓанската група Мир за Украина, која е организатор. Акцијата „Муниција за Украина“ собра 1,94 милиони евра за четири дена, до петок напладне, со повеќе од 30.000 донатори, кои во просек донирале по 64 евра, се наведува на веб-страницата на иницијативата.

Изакова рече дека собирањето средства ќе биде неограничено, а средствата ќе бидат наменети за чешката кампања за набавка на муниција, од која во јуни се очекуваат првите испораки во Украина. „Ќе направиме сè што можеме за граѓаните на Словачка да можат да ја исполнат својата намера да ѝ помогнат на Украина“, ја цитираше чешката телевизија изјавата на чешкиот премиер Петр Фиала вчера во Брисел на самитот на ЕУ.

притисни ентер