БалканВиганд: Укинувањето на визите за косовските Срби со српски пасоши е во согласност со законите Укинувањето на визите за косовските Срби со српски пасоши е во согласност со визната либерализација за Косово . Одлуката на ЕУ со која жителите на Косово кои поседуваат српски пасоши може да патуваат во земјите членки на Унијата без визи е во согласност со режимот за визна либерализација за носителите на косовски пасоши што стапи во сила од 1 јануари годинава, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд. - Со прифатените измени на Регулатива на ЕУ за визна либерализација им се овозможува на сите косовски Срби што поседуваат српски пасоши издадени од српската Координативна управа да патуваат во Унијата без визи. Со ова сите жители на Западниот Балкан можат да патуваат во ЕУ без визи, истакна Виганд во одговор на новинарско прашање дали со ваквата одлука не се кршат косовскиот интегритет и суверенитет и дали при тоа бил земен предвид ставот на властите во Приштина. Според Виганд, предлогот за визна либерализација за патување во земјите членки на Унијата за жителите на Косово со српски пасоши е доставен уште во ноември, по што сега Советот на ЕУ само го прифатил. Советот на ЕУ вчера донесе одлука за укинување на визите за жителите на Косово носители на српски пасоши. - Советот на ЕУ усвои регулатива со која се гарантира дека целиот регион на Западниот Балкан подлежи на истиот визен режим, со што се укинуваат исклучоците што претходно важеа за носителите на српски пасоши издадени од Координативната администрација на Србија, соопшти Советот. Одлуката ќе стапи во сила на 20-тиот ден од нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ и ќе почне да се применува во сите земји членки на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Шоу бизНовата љубов на Никол Кидман? Мегапопуларната актерка, холивудската ѕвезда Никол Кидман има ново момче ? „Уловена“ во „Ферари“ со американски инвеститор.Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула. Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон. Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот. Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс. Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години. Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол. Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта. Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано. Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Шоу бизЏорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожарПознатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото. Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати. – Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter