Видеопрезентација на животот на Мајка Тереза на знаковен јазик - Канал 5

Видеопрезентација на животот на Мајка Тереза на знаковен јазик

Спомен-домот на Мајка Тереза денеска промовираше проект „Тишината раскажува за Мајка Тереза“ - 20-минутна видеопрезентација за животот и мисијата на хуманистката и нобеловка од Скопје раскажана на знаковен јазик, наменета за лица со оштетен слух и говор.

Видеопрезентација на животот на Мајка Тереза на знаковен јазик
Авторка на проектот е Цветанка Вучковска, кустос-водич во Спомен-домот на Мајка Тереза која на презентацијата рече дека идејата била на сите посетители на музејот да им ја претстават животната приказна на Мајка Тереза. Посочи дека лесно комуницираат со посетители од целиот свет, освен со лицата со оштетен слух со кои, како што рече, имале бариера во комуникацијата.

- Единствено за посетителите со оштетен слух имавме впечаток дека се ускратени и оттаму потекна идејата за реализација на овој проект, кој е во духот на нашата најпозната хуманитарка. Оваа видеопрезентација ќе биде раскажувана секогаш кога ќе има потреба од тоа, без оглед дали се работи за организирани групи или индивидуални посети. Освен класично прикажување на видеобим, набавивме и преносен уред на кој е снимен овој видеоматеријал, наменет за индивидуалните посети, рече Вучковска.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека промоцијата на овој проект токму во Спомен-домот на Мајка Тереза е значајна бидејќи, како што рече, преку неа на симболичен начин, во духот на мисијата и заложбите на Мајка Тереза, покажуваме грижа за лицата со посебни потреби кои се рамноправни чинители во нашето општество.

- Оваа презентација ќе овозможи овој Спомен-дом да стане ново свратилиште за лицата со оштетен слух во кое запознавајќи се со високите морални вредности, со сето она што Мајка Тереза му го подари на човештвото, ќе ја надградуваат сопствената едукација и активно ќе се интегрираат во нашето културно и општествено живеење, рече Канческа-Милевска.

Таа спомна и други проекти што ги реализира Владата и Министерството за култура кои се наменети за лица со посебни потреби, како формирањето библиотечен центар во НУБ „Св. Климент Охридски” за визуелно хендикепирани читатели, проектот „Инклузивни и креативни“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, преку кој креативните творби на лицата со посебни потреби се продаваат во сувенирниците, аудиоизданија на дела од македонски и од светски писатели со што е збогатена книжевната понуда за лицата со посебни потреби...

На промоцијата присуствуваше и хрватскиот академик Дарко Гашпаровиќ, годинашен добитник на Светската награда за хуманизам која ја доделува Охридската академија за хуманизам, повод за кој издавачката куќа „Феникс“ објави избор од негови есеи.

Гашпаровиќ истакна дека чувствува голема возбуда и благодарност што присуствува во Спомен-домот на Мајка Тереза кој го посетил и пред шест години. Рече дека е голем почитувач на Мајка Тереза која, додаде, му припаѓа на Скопје каде го почнала својот мисионерски пат и ширењето на љубовта кон светот.

Во оваа пригода тој на министерката Канческа-Милевска и ја подари својата книга „Писмото низ вековите“ во која предговорот го завршил токму со мисла на Мајка Тереза: „Ние не можеме да правиме големи дела, но можеме и мораме да правиме мали дела со голема љубов“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство.

Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност.

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Светската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот ​​во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс.

Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели.

Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции.

Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата.

„Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

Општина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер