МакедонијаВидеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром во партнерство за посветла спортска иднинаВидеолотарија Касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија. Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на претставници на Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром, при што беше истакнато значењето на соработката, која има за цел да придонесе кон подобрување на условите за тренинг и натпреварување на тимот. „Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија, уште еднаш ја потврдува сериозноста на нашата мисија за унапредување на спортската сцена во нашата земја. Нема спортски успеси без вложувања во инфраструктурата, како и поддршка на младите таленти за спорт. Токму затоа и го спроведуваме нашиот проект Играј со најдобрите, во чии рамки е и оваа поддршка. Конкретно со ова спонзорство, сакаме да придонесеме за развојот на фудбалот и да овозможиме подобри услови за играчите на ФК Аеродром. Средствата од ова спонзорство ќе бидат наменети за модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Веруваме дека во иднина, заедно ќе се радуваме и ќе го славиме успехот на ФК Аеродром“ изјавија од Видеолотарија Касинос Австрија. Претставниците на ФК Аеродром не го криеја задоволството од соработката со златниот спонзор, која за нив, како што истакнаа, претставува значајно признание и потврда за посветената работа на клубот во развојот на фудбалот. „Поддршката ќе ни овозможи да создадеме уште подобри услови за тренинг, развој и напредок на нашите играчи. Нашите тренери, кои се вистински стручњаци во својата област, со својата неуморна посветеност, искуство и визија, ќе продолжат да работат на тоа да ги подготват нашите играчи за големи фудбалски успеси и да им помогнат да го развиваат и натаму својот потенцијал, како на теренот, така и надвор од него. Оваа соработка, за нас, претставува и голема обврска, но ние сме убедени дека ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажа Видеолотарија Касинос Австрија. Нашиот прв тим ќе биде дополнително мотивиран да продолжи со посветеност да ги дава своите најдобри резултати на теренот, во сите натпреваришто претстојат. Заедно, тимски, ќе продолжиме да постигнуваме значајни успеси и достигнувања, што ќе биде гордост за клубот и македонскиот фудбал“, изјави Ивица Аврамовиќ, претседател и тренер на ФК Аеродром, клуб кој низ годините се развива со јасна цел – создавање конкурентен тим и унапредување на фудбалската култура во регионот. Благодарение на стручниот тренерски кадар и одличните услови за работа, клубот успешно се натпреварува и гради стабилна основа за идните сезони. Со постојани вложувања во спортската инфраструктура и професионалниот развој на играчите, клубот има за цел да се етаблира како сериозен конкурент во македонскиот фудбал. Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на вложувањата во спортот, со верување дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за фудбалската сцена во МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook