Видеоконференциска средба Бајден- Путин: Ќе има ли договор за Украина?

Тензична атмосфера полна со неизвесност пред денешниот видео разговор на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден. 

Средбата доаѓа во момент кога се заострува напнатоста долж руско-украинската граница, за што САД предупреди дека трупањето на руските војници може да резултира со воведување на тешки економски санкции за Руската федерација.

Според американските аналитичари, средбата е еден од најголемите предизвици со кои Бајден се соочил од кога стапи на функција но и дека влогот на двете страни е огромен.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека не очекува голем напредок во разговорите и ги демантираше шпекулациите дека Русија има намера да започне воена офанзива со својот западен сосед. Воедно вели дека Путин на својот американски колега ќе му предложи взаемни безбедносни гаранции.

-Очекуваме добри и предвидливи релации со Соединетите Американски Држави. Русија никогаш немала намера да нападне некој, но ние сме загрижени за моменталната ситуација и имаме наши црвени линии.- Дмитри Песков.

Според информациите на американските разузнавачки служби, Русија на границата со Украина има распоредено околу 70.000 војници што е јасен показател дека можеби Москва се подготвува за инвазија а доцна синоќа движењата на руската армија беа главна тема на разговор и на началниците на генералштабот на земјите членки на НАТО.

Средбата помеѓу Путин и Бајден се очекува да започне попладнево а истата се очекува да трае неколку часа. Последен пат претседателите се сретнаа пред неколку месеци на тет-а-тет средба во Женева.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер