Видеоиграта „Call of Duty“ со нова стапица за измамниците - Канал 5

Видеоиграта „Call of Duty“ со нова стапица за измамниците

Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Call of Duty“... 

Видеоиграта „Call of Duty“ со нова стапица за измамниците

Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи.

За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи ​​бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч - „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие.

Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч - „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем.

Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) - мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

12 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, a двајца под дејство на алкохол.

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва

Контурите на владината реконструкција начелно познати, кадровските решенија се уште остануваат во доменот на шпекулациите.

Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва

Кој заминува, кој ќе дојде, а кои ресори ќе бидат ротирани?

Официјално ќе се знае вечерва, по извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред партиското седиште е Маја Стојановска.

Кога се очекува и официјално да бидат објавени имињата?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер