Видео: „Жежок“ танц на Карлеуша во бикини - Канал 5

Видео: „Жежок“ танц на Карлеуша во бикини

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со она што најдобро го знае, истакнување на бујните облини во минијатурно бикини.

Видео: „Жежок“ танц на Карлеуша во бикини

Сексапилната пејачка објави провокативното видео од луксузен хотел во Дубаи кое за само неколку часа имало скоро половина милион прегледи и предизвика лавина коментари против популарната Kарли.

Јелена Карлеуша моментално е на заслужен одмор во Обединетите Арапски Емирати и во таа прилика гордо покажа дека ставата ја довела до совршенство.

Карлеуша во минијатирно сини бикини и сандали заигра на дуетската песна со Милица Павловиќ „Машала“, а нејзините жешки движења јасно покажаа какви атрибути поседува ексцентричната пејачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија ќе воведе 10 милиони роботи до 2040 година: „Помош“ во индустријата и здравството

Јапонската влада презентираше ревидирана стратегија за развој на роботиката, според која околу 10 милиони роботи треба да бидат распоредени во земјата во различни функции до 2040 година, првенствено поради недостигот на работна сила во земјата.

Јапонија ќе воведе 10 милиони роботи до 2040 година: „Помош“ во индустријата и здравството

Министерот за економија, трговија и индустрија, Рјосеи Аказава, објави дека стратегијата е проширена на 18 области, објавува порталот „techradar“.

Покрај традиционалната примена на роботите во индустријата, стратегијата е проширена за прв пат за да ги вклучи здравството и производството на храна и пијалоци.

Владата во Токио планира да воспостави национален центар за развој на роботика базирана на вештачка интелигенција, кој ќе координира истражување, развој, обука на персоналот и поширока примена на роботите во економијата.

Во центарот на стратегијата е „Noetra“, јапонски мултимодален модел на вештачка интелигенција дизајниран за контрола на роботи.

Конзорциумот што го развива Ноетра е предводен од „Softbank“, „Sony“ и „Honda“, додека „Fujitsu“ и „Rakuten“ би можеле да се приклучат на проектот.

Јапонските власти веруваат дека податоците собрани за време на долгорочната употреба на роботи во домови за стари лица, производствени погони, операции за спасување и рехабилитација на нуклеарната централа Фукушима ќе претставуваат клучна конкурентска предност за земјата.

Според министерот Аказава, идната конкуренција во областа на вештачката интелигенција нема да се базира само на компјутерската моќ, туку и на количината и квалитетот на достапните податоци за обука на системи за вештачка интелигенција.

Стратегијата предвидува дека технологијата развиена преку „Noetra“ ќе им биде достапна на јапонските компании и истражувачи, за да можат да развиваат роботи за различни индустрии, а подоцна да ги пласираат на странските пазари.

Во исто време, Јапонија сака да го поттикне развојот на вештачката интелигенција и роботиката надвор од Токио, за да може технолошкиот развој да се прошири порамномерно во другите делови од земјата.

Главната причина за таков амбициозен план е стареењето на населението во Јапонија и долгогодишниот недостиг на работна сила во земјата, што дополнително се влошува со рестриктивната имиграциска политика, според „techradar“.

Јапонските власти проценуваат дека роботите нема да ги заменат постојните вработени, туку ќе ги пополнат работните места за кои нема доволно работници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Почитувани утре во Само Интервју ќе гостува професорот Љубомир Цуцуловски.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Кос го пофали спроведувањето на Реформската агенда и не’ потсети за уставните измени... Која е главната пречка на Македонските интеграции, има ли или не, политичка волја за излезна стратегија?

Може ли партиите да се надминат себеси и да изградат национален консензус?

Опозицијата и фрли ракавица на власта, гласање на дијаспората за една изборна единица – кој прави театар, а чии заложби се искрени?

Кој си го одржува, а кој го погазува зборот, кој е за реформи, а кој за теснопартиски интереси?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, гостува Љубомир Цуцуловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. 

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.

На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци.

Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии.

„Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот.

Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики.

ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер