3 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
Шоу бизВидео: Жешкиот танц на Јелена КарлеушаСексапилната српка пејачка Јелена Карлеуша секојдневно на социјалните мрежи на радост на фановите објавува слики и видеа во предизвикувачки комбинации.Но фановите се непријатно изненадени од една од последните нејзини објави. Карлеуша сега изненади со видео на кое изведува супер провокативен танц. Русукосата пејачка со бујни облини танцува во тесен комбинезон, под кој носи гаќички и топ, но начинот на кој беше направено видеото, тверкањето и раширувањето на нозете... го предизвика прашањето: „Дали сте пејачка или стриптизета“, но и коментар „дека ова ги премина границите на добриот вкус“. Во видеото во прв план е огромниот задник на Карлеуша. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
МакедонијаГерасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницатаОпштина Центар ja реконструира последната фаза од улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во тек се градежни активности на последната делница во должина од 250 метри. Со реконструкцијата се предвидува уредување на коловозот и на пешачките површини, поставување нови рабници, подигнување и нивелирање на сливниците и уличните шахти, како и реконструкција на мрежата за јавно осветлување. Предвидено е и поставување ново урбано зеленило. Со оваа фаза се комплетира целосната реконструкција на „Ленинова“, со вкупна должина од над 600 метри, со што улицата добива уреден, функционален и современ изглед, приспособен на потребите на жителите, пешаците, велосипедистите и возачите. „Ленинова е важна сообраќајна артерија што го поврзува централното градско подрачје. Во програмата ветив обнова на патната инфраструктура во Центар и тоа ветување се остварува. Со оваа реконструција создаваме поквалитетен, пофункционален и побезбеден јавен простор за сите граѓани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Првиот дел од улицата „Ленинова“ беше саниран во 2023 година, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, a со тековниот зафат целосно се комплетира проектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБратот, Спенсер открива што му рекол Принцот Чарлс по смртта на Дијана: „Му ја спуштив слушалката“ Британската принцеза Дијана почива на семејниот имот Алторп во Нортхемптоншир, на остров среде езеро. Нејзиниот гроб, скриен меѓу високи дрвја, е место на тага, но и на мир за нејзиниот брат Чарлс Спенсер.„Кога сум на островот, се разбира, чувствувам тага, но и мир. Гробот на Дијана е многу мирно и убаво место. Тоа е место каде што можам да размислувам за загубата, но и да уживам во природната убавина што ме опкружува. Таа е дома“, изјави Чарлс Спенсер во интервју за списанието „Пипл“ (People). Спенсер, кој беше многу близок со својата сестра, ги објави мемоарите насловени „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ (Swan Song: Diana, My Sister), во кои се осврнува на нејзиното детство, животот во кралското семејство и настаните по нејзината смрт во 1997 година. Еден од најконтроверзните делови од книгата се однесува на разговорот што Спенсер го водел со тогашниот принц Чарлс, кратко по смртта на Дијана. Во тоа време, Спенсер живеел во Јужна Африка со четири мали деца и се обидувал да организира враќање во Британија. Тогаш му се јавил Чарлс. „Веќе неколку часа знаев дека Дијана починала. А потоа тој се јави и – за жал, морам да кажам – звучеше едноставно воодушевено. Беше неверојатно чудно“, рече Спенсер. Тој додаде дека може само да претпоставува што се крие зад таквата реакција. „Можеби чувствуваше дека сега конечно ќе може да се ожени со жената што ја сакаше, Камила Паркер Боулс, но тоа е само моја претпоставка“. Бакингемската палата објави ретко соопштение во врска со наводите во книгата, наведувајќи дека болката од загубата на член на семејството може да влијае врз расудувањето и сеќавањата дури и со години подоцна. Спенсер се присети и на разговорот со Чарлс околу организацијата на погребот на Дијана. Особено го погодила одлуката принцовите Вилијам и Хари да чекорат зад ковчегот на нивната мајка. „Кога ми кажаа дека Вилијам и Хари ќе чекорат зад ковчегот на мајка им, веднаш реков: 'Не, нема'. Тоа е ужасна идеја. Едноставно нема никаква смисла.“ Спенсер сметал дека Дијана не би го сакала тоа и се сеќава дека неговата сестра го одредила за старател на нејзините синови, иако тоа старателство немало правна важност. Набрзо потоа, самиот Чарлс му се јавил по телефон. „Тој рече: 'Слушам дека имаш проблем со погребот'. Ме праша дали сакам Вилијам и Хари да чекорат зад ковчегот. Одговорив: 'Се разбира дека не. Дијана не би го сакала тоа'“, се присети Спенсер. Чарлс тогаш потсети дека и тој чекорел зад ковчегот на својот вујко, лорд Маунтбатен. „Му реков: 'Да, но ти имаше 30 години, а тој не ти беше мајка'.“ Според Спенсер, Чарлс тогаш бурно реагирал. „Тогаш тој рече: 'Наскоро ќе заборавиме на неа'. Тоа навистина ме шокираше и згрози. Му реков: 'Не можам да верувам дека го кажа тоа' и ја прекинав врската“, открива Спенсер. Кога сега го прашуваат каков е неговиот однос со кралот Чарлс, Спенсер одговара: „Го гледам како поранешен зет на моето семејство. Сега навистина немам никаков контакт со него. Го гледам на семејни свадби и слични настани, но тој едноставно не е дел од мојот живот, ниту пак јас сум дел од неговиот. На крајот на краиштата, семејството си е семејство и во секое семејство постојат различни тензии, радости и проблеми“, истакнува тој.Тагови: принцезата Дијана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
СветЗеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната. На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“. Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев. Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook