Видео: Зајон Вилијамс избран од Њу Орлеанс како прв пик на НБА драфтот - Канал 5

Видео: Зајон Вилијамс избран од Њу Орлеанс како прв пик на НБА драфтот

Извонредниот атлет Зајон Вилијамс е првиот пик на годинешниот драфт во НБА лигата. 

Видео: Зајон Вилијамс избран од Њу Орлеанс како прв пик на НБА драфтот

Младиот Зајон од првата позиција го избра тимот на Њу Орлеанс Пеликанс, со што одличниот кошаркар испиша нова страница во историјата на најсилното светско кошаркарско првенство.

Поранешниот студент на Дјук стана првиот кошаркар кој ќе игра во НБА лигата роден по 2000 година ! Пеликанс најверојатно доби нова ѕвезда и момче кое сигурно ќе биде заштитното лице на франшизата.

Од Вилијамс се очекува многу во НБА ,поради тоа што тој е првиот кошаркар по кралот Леброн Џејмс кој привлекол толкаво внимание од јавноста .

YouTube video

Првите три пика на годинешниот драфт беа познати со 99 проценти, по што очекувано Џа Морант заврши во Мемфис, а Ар Џеј Берет во Њујорк.

Од играчите од Балканот прв е избран хрватскиот кошаркар Лука Шаманиќ , него како 19 пик го избра тимот на Сан Антонио.

YouTube video

Македонија по повлекувањето на младиот Ненад Димитријевиќ се уште е без кошаркар на НБА драфтот.

Драфт НБА

1.Зајон Вилијамс. – Њу Орлеанс

2. Џа Морант – Мемфис

3. Ар Џеј Барет – Њујорк

4. Деандре Хантер – Атланта

5. Даријус Гарланд – Кливленд

6. Џарет калвер – Минесота

7. Коби Вајт – Чикаго

8. Џексон Хејс – Њу Орлеанс

9. Руи Хачимура – Вашингтон

10.Кем Редиш - Атланта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер