Можеби тоа ќе ви звучи неверојатно но цената на авионска карта за некој летови достигнува и цена од неколку десетици илјади долари .Во цената на овие скапи авионски карти секако е вклучен луксуз од сништата.
Најскапата авионска карта во светот изнесува 43535 долари и е за реалцијата Њујорк – Хонг Конг со авион на Луфтханза.
Прескапата карта овозможува опции на избор на личен асистент, најдобри вина, храна од големите светски кулинари и личен тоалет.
На втората позиција заслужено со цена од 30 000 долари е авионската карта за летот Лос Анџелес –Дубаи со Емиратс флај. Оваа релација од 16 часа ја користат многу познати личности , ѕвезди и најбогатите бизнисмени . Сите тие уживаат во приватните апартмани, спа просториите и мини барот.
За летот со авион од Сан Франциско до Абу Даби со „Итихад “ ќе треба да издвоите 28 000 долари.
Спектакуларниот лет нуди кожен мебел, поделени екрани за забава, приватен мини бар, богато мени и многу различни пијалаци.
Четврт најскап авионски билет во светот е оној за релацијата Њујорк – Пекинг со „Кореа Аир“ и вреди 27000 долари.
Во овој авион ќе го почувствувате духот на кинеската култура и уметност и ќе уживате во ориенталните пијалаци и традиционални вина. Со само едно притискање на копче може да го наместите вашето седиште во положба за спиење.
Супер скапа авионска карта ќе платите и за летот Хонг Конг –Њујорк. За планетите 26572 долари добивате меѓународни признаени услуги. Во големиот салон на авионот патниците пробаат различни кинески специјалитети и секако кавијар за појадок.
Ако саката да летате на овие релации време е да почнете да штедите!