НБАВидео: Вучевиќ го предводеше Чикаго до победа над ЈутаЦрногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ, постигна 35 поени, имаше седум скока и пет асистенции во победата на Чикаго булс над Јута џез ноќеска на домашен терен. Вучевиќ го постигна победничкиот кош на четири секунди пред крајот на натпреварот. Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток: Индијана - Торонто 101:115 Филаделфија - Кливленд 107:133 Чикаго - Јута 128:126 Њу Орлеанс - Бруклин 116:113 Далас - Денвер 109:118 Сакраменто - Њујорк 112:101 Ла Клиперс - Вашингтон 119:105. На табелата во Источната конференција води Детроит со 28 победи и 10 порази, на Запад лидер е Оклахома со ефект 34-7. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РецептиРецепт за највкусни галети што мирисаат на детството – Меки, сочни и готови за час!Постапката е едноставна, а успехот загарантиран.Постапката е едноставна, а успехот загарантиран. Галети се оние колачиња што се прават брзо, а дома прават атмосфера како да е недела попладне. Крцкави однадвор, меки однатре со благ мирис на ванила, одлични за со кафе, чај, млеко, или како слатка ужина што ја сакаат и децата и возрасните. Најубави се додека се сè уште топли, a нивната предност е и во тоа што може да стојат неколку дена, само треба да ги чувате во кутија со капак. Ако сакате едноставни рецепти без многу состојки, ова е вистинскиот избор за вас. Состојки: 4 јајца 200 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 200мл масло 200 мл млеко 500 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво прстофат сол Рендана кора од лимон, по желба Подготовка: Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане светла и пенеста. Додајте масло и млеко, па продолжете да матите додека смесата не се соедини. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата со јајца и мешајте полека. Ако сакате посвеж мирис, додајте малку кора од рендан лимон. Смесата треба да биде погуста од смеса за палачинки, но не премногу тврда. Ако ви делува ретко, додајте уште една - две лажици брашно. Ако е премногу густа, истурете малку млеко. Апаратот за вафли добро загрејте го и полека намачкајте го со масло пред првата тура. Истурете една поголема лажица од смесата во средина на калапот, затворете го апаратот и печете неколку минути додека вафлите не поруменат. Времето на печење зависи од апаратот, најчесто се доволни 3 до 5 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГоран Герасимовски во „Вести плусВечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Горан ГерасимовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеТреба ли да земате креатин секој ден?Овој популарен додаток во исхраната ја зголемува силата, издржливоста и бројот на повторувања во текот на вежбањето. Иако краткорочното земање секојдневно се смета за безбедно, потребни се дополнителни истражувања за долгорочните ефекти.Овој популарен додаток во исхраната ја зголемува силата, издржливоста и бројот на повторувања во текот на вежбањето. Иако краткорочното земање секојдневно се смета за безбедно, потребни се дополнителни истражувања за долгорочните ефекти. Кретинот обезбедува повеќе енергија за мускулите, го забрзува нивното закрепнување по тренинг, а почетното зголемување на телесната тежина најчесто е привремена последица од задржувањето вода. Дали е безбедно да се зема секојдневно? Според порталот „Health“, краткорочната употреба на креатин се смета за безбедна. Повеќето студии за креатин ги следеле учесниците кои го земале додатокот пет до седум дена. Истражувањата, исто така, покажале дека земањето креатин секојдневно во текот на 12 недели може долгорочно да ја зголеми силата и растот на мускулите. Според нутриционистите земањето високи дози од 25 грама дневно во текот на 14 дена е безбедно, додека пониските дози од 4 до 5 грама се безбедни до 18 месеци. Според Меѓународното здружение за спортска исхрана (ISSN), земањето до 30 грама креатин дневно е безбедно и во период до пет години, но тие нагласуваат дека се потребни понатамошни долгорочни истражувања за да се потврди ова. Кои се придобивките од редовното земање? Редовното земање креатин носи голем број придобивки. Привлекува повеќе вода во мускулните клетки, што го поттикнува нивниот раст и хидратација. Им обезбедува на мускулите повеќе енергија, што, кога се комбинира со тренинг за сила, води до нивен раст и зајакнување. Исто така, го забрзува закрепнувањето на мускулите по вежбање и го намалува воспалението. Креатинот ги подобрува целокупните атлетски перформанси, особено во активности кои бараат кратки, експлозивни напливи на енергија, како што се бодибилдинг, веслање, фудбал и возење велосипед. Зголемувањето на мускулната сила може да ја подобри и општата состојба на постарите возрасни лица, а бројни студии сугерираат дека креатинот може да биде корисен и за здравјето на срцето, нервниот систем и менталното здравје. Кога да се зема креатин? Времето на внесување креатин, без разлика дали е пред или по тренинг, не е важно. Иако студиите разгледувале различни временски рамки, ниту една не се покажала значително подобра од другата. Телото складира креатин, па доколку го консумирате редовно, вашите мускули ќе го користат по потреба. Повеќето студии не пронашле значајна разлика во силата или големината на мускулите помеѓу луѓето кои земаат креатин само во деновите за тренинг и оние кои го земаат секој ден. Сепак, земањето само во деновите за тренинг може да ги намали трошоците и да го спречи неговот непотребно внесување. Можни несакани ефекти Креатинот има малку пријавени несакани ефекти, од кои најчест е зголемувањето на телесната тежина. Ова се случува затоа што креатинот влече вода во мускулите. Кога првпат ќе почнете да го земате, ова задржување вода може да создаде впечаток на дебелеење, но тоа е привремено и обично исчезнува по првата или две недели од употребата. Помалку чести несакани ефекти може да вклучуваат дијареја, чувство на топлина во топли услови или интолеранција на топлина, мускулни грчеви и вкочанетост и гадење. Пред да започнете да земате креатин, разговарајте со вашиот лекар за да бидете сигурни дека е безбеден за вас, земајќи ја предвид вашата медицинска состојба и другите лекови што можеби ги земате. Ако одлучите да го земате, доследноста е важна бидејќи постојаното присуство на креатин во телото го поддржува растот на мускулите, енергијата и закрепнувањето, без оглед на тоа дали вежбате тој ден. Добрата хидратација може да го намали ризикот од несакани ефекти. Креатинот нема значајни интеракции со повеќето лекови и додатоци во исхраната, но постојат докази дека кофеинот може да ја намали неговата ефикасност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20