Видео: Втор триумф на Њујорк во финалето на Истокот против Кливленд - Канал 5

Видео: Втор триумф на Њујорк во финалето на Истокот против Кливленд

Кошаркарите на Њујорк Никс гопобедија Кливленд Кавалирс со 109:93 во вториот натпревар од Источното финале во НБА. 

Видео: Втор триумф на Њујорк во финалето на Истокот против Кливленд

Во првиот натпревар пред два дена имаше многу драма, мечот беше решен дури во продолжението кога на сцена стапи извонредниот бек на Никси, Џејлен Брансон , а сега, во вториот натпревар, Њујорк многу полесно стигна до ввториот триумф во серијата со Кавси . Најефикасен во победничкиот тим беше Џош Харт, со 26 поени 4 скока и 7 асистенции, додека 19 поени и 14 асистенции имаше Џејлен Брансон. Микал Бриџис исто така имаше 19, а Карл Ентони Таунс имаше дабл-дабл од 18 поени и 13 скока, а Оу Џи Ануноби имаше 14 поени.

Кај Кливленд, Донован Мичел постигна 26 поени, Џејмс Харден имаше 18 поени и 6 скока, Еван Мобли имаше 14 поени и 6 скока, а Џарет Ален беше двоцифрен со 13 поени и 10 скока.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести

Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна.

Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести

Американскиот претседател Трамп вчера одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, во реторичка ескалација што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормутскиот Теснец.

Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна.

Откако започна војната во февруари, Трамп постојано осцилира помеѓу заканите за ескалација и тврдењата дека мировниот договор е неизбежен.

„Ќе побараме пари за штетата што ја направија во период од 50 години“, рече Трамп во Белата куќа, велејќи дека исплатите ќе ги покријат смртните случаи и за цивилните демонстранти и за американските сили во регионот.

„Значи, ако има штети што треба да се платат, мислам дека иран треба да ги плати тие штети“, рече Трамп.

Цените на нафтата вчера се зголемија за 5% откако барањата ги намалија изгледите за договор за повторно отворање на Теснецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен турски новинар: Проблемот настанал бидејќи тој излажал за трансферот на еден фудбалер?!

Турскиот новинар Бурхан Џан Терзи беше уапсен поради ширење невистинити информации за трансферот на Џамал ​​Мусиала во Галатасарај.

Уапсен турски новинар: Проблемот настанал бидејќи тој излажал за трансферот на еден фудбалер?!

Во светот на фудбалот сме виделе секакви работи, особено за време на преодниот рок. Трансфери на фудбалери што пропаѓаат, што не се реализираат, па дури и погрешни трансфери. Но, никој поради тоа не завршил во затвор. Сè досега, кога е уапсен турскиот новинар Бурхан Џан Терзи.

Постои и видеоснимка од апсењето, како и потврда дека тоа навистина се случило. Зошто? Затоа што тој го најави трансферот на Џамал ​​Мусиала од Баерн Минхен во Галатасарај, и тоа во два наврати.

Турскиот клуб и во двата наврати ги отфрли тие обвинувања, а потоа Терзи беше уапсен пред својот дом. Тој беше обвинет за ширење лажни информации. Помина неколку часа во притвор, по што беше пуштен на слобода.

Многумина сметаат дека ова било некаков вид предупредување да внимава на информациите што ги објавува во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изгаснат пожарот во „Средорек“, утрово горела и сендвичарница во Куманово

Пожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“ е  изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Изгаснат пожарот во „Средорек“, утрово горела и сендвичарница во Куманово

Сигналот за пожарот бил примен во 05 часот и 35 минути , по што екипите интервенирале околу два часа.

Огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии.кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата „Борис Кидрич“.

Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер