Видео: Втор триумф на ЛА Лејкерс во големото НБА финале - Канал 5

Видео: Втор триумф на ЛА Лејкерс во големото НБА финале

Ослабениот Мајами Хит во вториот натпревар од финалната серија во НБА плеј офот немаше одговор за расположените ѕвезди на Лејкерси Леброн џејмс и Ентони Дејвис.

Видео: Втор триумф на ЛА Лејкерс во големото НБА финале

Жолтите од Ел – Еј утринава со победа од 124-114 поведоа во големото финале на НБА со 2-0 во победи.

Тимот на Мајами и без повредените Горан Драгиќ и Бем Адебајо беше достоен ривал на Лејкерси и во вториот натпревар од финалната серија, жешките одиграа солидна партија пред се во нападот.

Ерик Сполстре со зонска одбрана без многу успех се обиде да ги запре ударните игли на Лејкерси Лоброн Џејмс и Ентони Дејвис. Ѕвездите на тимот од Лос Анџелес сепак лесно стигнуваа до кошот на противникот и повторно беа најзаслужните за победата над мајами.

Кралот Леброн со 33 поени беше најефикансиот поединец на дуелот , еден поен помалку постигна центарот Ентони Дејвис. Двоцифрен ефект имаше и искусниот плеј Рондо со 16 поени и 10 асистенции.

Кај поразениот Мајами Џими Батлер реализираше 25 коша и 13 асистенции, Кели Олиник постигна 24 поени, а Хиро мечот го заврши со 17 постигнати коша.

Третиот меч од големото НБА финале се игра во понеделник во 1,30 часот по македонско време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер