Видео: Вработен во училиште во САД удирал по главата дете со аутизам

Родителите на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во образовна институција го удира нивниот 3-годишен син во глава, а потоа го носи наопаку низ ходникот држејќи го за нозете.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

НЕКОИ ОД ОВИЕ ВИДЕА МОЖЕ ДА БИДАТ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ!

Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење Роза Паркс во Дејтон направена на 21-ви август. Таа рече дека директорот на училиштето првично и рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од вработен, но снимката од безбедносните камери покажува сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.

На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница во главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот во училиштето го носи Брајлен наопаку држејќи го за глуждовите, пренесува „NBC News“.

"Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа", рече Линдзи. Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, рече дека училиштето го лажело семејството и го чувало во темнина. „Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, рече тој.

Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да и ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но не го добила во целост. "Зошто Брајлен бегаше од него така? Можеби не беше заигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото", им рекла мајката на новинарите.

Училишната област засега не го објави името на училишниот вработен. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето. "Тој му верува на својот учител. Тој сака да оди таму", објасни Линдзи.

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Лавров: САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан во „московски формат“ кој се одржува во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во врска со тоа, блокадата на авганистанските сметки што ја спроведува Вашингтон е контрапродуктивна и само ја отежнува ситуацијата и ги влошува тешките услови во кои живеат Авганистанците“, наведе Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји.

Фото: ЕПА

Мицкоски: Што прави Ковачевски кога се носат законите како тој за aмнестија?

Што прави Ковачевски кога се носат законите како тој за aмнестија, нека не се однесува како турист на седниците на Влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба каде што присуствуваше на увид на градежни активности во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, беше запрашан и за коментар за најавениот Закон за амнестија, за кој премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе поднесат амандман ако со тоа законско решение се опфаќаат и лица осудени за случајот „Монструм“, при што прашува што прави премиерот на седници на Влада кога се усвојуваат ваквите закони.

„Премиерот Ковачевски, се надевам дека не е турист на седницата на Влада и кога ќе дојдат предлог текстовите на законите, добива детална информација што содржат тие предлог закони, а посебно вакви, би рекол, многу специфични закони и самиот ги чита. Доколку тоа не го прави, тогаш треба час поскоро да си замине од местото кое што во моментов го зазема, затоа што не е достоен за тоа место. Законот уште не донесен во Парламент зборуваме за амандмани кои што доаѓаат од самата влада. Па што правеле, се поставува прашањето, сите тие на таа владина седница кога се разгледувал овој закон“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека одамна е заминато времето за оваа влада на СДСМ-ДУИ и цени дека колку побргу заминат, толку подобро ќе биде за сите граѓани на Македонија, колку побргу овој недостоен претседател на владата замине, толку подобро ќе биде за сите граѓани и за самата Македонија.

Мицкоски: Тоа што сега го зборува Османи му го кажувавме ние цело време, но тоа требаше да го мисли кога го прифаќаше анексот и договорот кои се тотално асиметрични

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новиот момент на министерот за надворешни работи Османи за односите со Бугарија и новите барања на патот кон ЕУ истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го зборува тоа многу пати во изминатиот период а власта само го усложнува и закочува процесот кон ЕУ, со договорот кој што го прифати со Бугарија а е тотално асиметричен и е во согласност со бугарските позиции кои што се дел од вековниот руски интерес на Балканот.

„Тоа го зборуваме ние цело време, јас лично сум го кажувал неколку десетици пати, дека ова е само почеток и отворање на пандорината кутија, дека допрва доаѓаат тешките барања и допрва доаѓаат тешките денови за Македонија, кога станува збор за спорот со Бугарија, но тоа требаше да се мисли кога го прифаќаа тој анекс на договорот за добрососедство и пријателство и кога прифатија овие тешки прашања да бидат дел од преговарачката рамка. Но ќе кажам не само тие требаше тука да мислат и бирократите во Брисел кога го прифатија тоа што овие, би рекол политички егзибиционисти и незнајковци, прифатија, зборувам за нашите политичари. И сега што направија само го усложнија процесот на Македонија кон пристапување кон ЕУ. И сега ние повторно се доведуваме во една ситуација во која што или ќе ги исполниме барањата на Софија, нивниот диктат без да добиеме гаранции никакви или пак имаме децениски а можеби и вековен процес на преговори со ЕУ и не заради европските темелни вредности туку за прашања кои што немаат никаква врска со ЕУ темелни вредности. Да докажеме каков е нашиот идентитет, да докажеме какво е нашето минато, традиција култура обичаи, да зборуваме за средниот век, како што сега се зборува наместо да зборуваме за иднината. И тоа го направи оваа влада и сега ние сите сме закочени и се наоѓаме во еден момент заглавени. Не може никој да ме убеди дека тоа не е вистина, јас верувам во добрите намери на нашите стратешки пријатели, верувам во добрите намери и на Вашингтон и на Брисел и на Лондон и на Париз и на Берлин и на Рим и останатите, но не можам да верувам во добрите намери на официјална Софија а за жал договорот кој што го прифатија е тотално асиметричен и е во согласност со би рекол со бугарските позиции целосно кои што се ништо друго освен вековниот руски интерес на Балканот“, нагласи Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер