Водителката ненадејно во емисијата во живо ја загубила свеста, а камерата снимила како прво се потпира на масата, а потоа и паѓа на подот.
Водителите на вестите на CBS во KCAL во Лос Анџелес се во шок откако нивната колешка, кој ја чита временската прогноза, се онесвестила среде вести во живо.
Водителите на вестите не знаеле што да прават. Никол Медина веднаш побарала од режијата кратка пауза „ќе мора да направиме кратка пауза“. Алиса пак со брза реакција е префрлена во болница и сега таму се опоравува.
Алиса Шварц подоцна се огласиле преку социјалните медиуми и истакнала дека е добро.
– Ќе бидам добро, благодарам на сите за пораките и повиците – напиша таа на Фејсбук.
Алиса Карлсон Шварц и претходно но на друга телевизија се соочила со сличен проблем. Во 2014 година и се слошило за време на шоуто, а подоцна беше откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.