Видео: Во Стокхолм убиен српски боксер кој поседувал снимки од оргии со шведскиот крал!

Поранешниот боксер, 42-годишен Миле Марковиќ е пронајден мртов со Стокхолм со куршум во главата, а автомобилот во кој наоѓал се уште бил со запален мотор.

Очевидци кажале дека вчера околу 18.15 часот слушнале неколку истрели по што убиецот избегал во бел автомобил.

Марковиќ се најде во фокусот на светската јавност во 2011 година кога потврди дека поседува компромитирачки фотографии и снимки со шведскиот монарх Карл Густав Шеснаесетти на оргии со девојки во еден стриптиз клуб со Стокхолм.

Шведскиот весник Експресен истата година објави една од компромитирачките фотографии на шведскиот монарх. /Извор: Блиц/

„Дрекслмајер" донираше над илјада визири за медицински лица од неколку општини

 „Дрекслмајер" донираше над 1000 сертифицирани заштитни визири за тие кои секојдневно се наоѓаат во првитередови и се грижат за здравјето на граѓаните, информираа денеска од германската компанија која работи во Кавадарци.

– Над илјада визири се донирани на медицинскиот персонал во Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетна заштита за лице, што „Дрекслмајер" ја произведува во сопствената фабрика во Браунау, Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции во дизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде свој придонес во борбата против коронавирусот, соопштија од фабриката која вработува над шест илјади работници од неколку општини.

Лукас Мирингер, директор на „Дрекслмајер" во Кавадарци, се заблагодари на целиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија

– Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето на пациентите заболени од Ковид-19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитната опрема што ја дониравме на четирите болници, сакаме да изразиме благодарност за нивната посветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување со коронавирусот, рече Мирингер.

Во април годинава, на почетокот на здравствената криза компанијата исто така донираше комплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес. На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Диме Коцев истакна дека визирите овозможуваат дополнително да го заштитат медицинскиот персонал.

– Драго ми е што од „Дрекслмајер" се секогаш подготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции, додаде Коцев.

Од компанијата апелираат до сите граѓани да се однесуваат одговорно.

-Придржувајќи се до пропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување на ширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници во нивната секојдневна битка за здравјето на пациентите, додадоа од германската фабрика, која е најголем работодавач во државава.

Повторно одложен саемот за автомобили во Њујорк

Коронавирусот повторно создава проблеми за њујоршкиот саем за автомобили.

Саемот за автомобили во Њујорк беше планиран за периодот помеѓу 10 и 19 април 2020 годна, но поради пандемијата со коронавирусот е одложен за периодот меѓу 28 август и 6 септември, но тоа ни тоа не се случи.

Наредниот датум кој се споменуваше беше 11 април 2021 година, но и тоа се промени, за август месец 2021 година, најавија организаторите.

Електричните возила ќе бидат главна содржина на саемот во Њујорк, а ќе има и тест трака специјално наменета за електрични возила.

Фото: Карлеуша во секси фустан со шпенагли

Нов провокативен стајлинг на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Атрактивната пејачка на секое снимање на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ како да сака да се појавува во што по провокативен стајлинг од претходниот.

Русокосата Карлеуша сега се прошета во секси сребрен фустан со шпенагли, кој повеќе открива отколку што покрива.

Првиот впечаток е дека шпенаглите всушнот и го „држат“ овој фустан.

притисни ентер