Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
1Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
2Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
1Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
3Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
ЖивотВидео: Во Невада снимен полициски конвој кој пренесувал „чудни летала“Две лице снимиле полициски конвој кој во близина на легендарниот американска воена база „Реон 51 во Неведа пренесува „чудни летала“.Настанот наводно е забележан во близина на воената база во Невада , која долги години го привлекува вниманието на теоретичарите на завера дека во „Реонот51 “ се чуваат вонземјани. Имено оваа воена база ниту денес не и е комплетно позната на јавноста , па многу луѓе и понатаму веруваат дека се користи за развој и тестирање на екстремни борбени летала. Видеото на кое може да се види конвој кој со големо полициско обезбедување пренесува летало , тешко може да посведочи дека сепак станува збор за „постоење на вонземјани“ Многу луѓе се уверено дека ова бил само транспорт на „невидливи беспилотни воени летала X -47 B, летала кои уште во 2012 година ја заинтригираа јавноста , со фактот дека тоа е првиот авион со кои управува вештачка интелигенција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИсториски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километриНа 17 февруари 1998 година, вселенската сонда „Војаџер 1“ стана најоддалечениот објект создаден од човекот, надминувајќи ја сондата „Пионир 10“. Оттогаш, таа постојано поставува нови рекорди во оддалеченост. Денес, на 18 ноември 2026 година — речиси 50 години по нејзиното лансирање — леталото достигна нова пресвртница: сега се наоѓа на растојание од еден светлосен ден од Земјата, односно приближно 25,9 милијарди километри, пренесува „Сајанс алерт“ (Science Alert). Тоа значи дека на радиосигналите од „Војаџер 1“, кои се движат со брзината на светлината, им се потребни 24 часа за да стигнат до Земјата. Леталото продолжува сè повеќе да се оддалечува и наскоро трајно ќе остане на растојание поголемо од еден светлосен ден. „Кога почнав да работам на проектот ’Војаџер‘ во 1977 година, немав претстава дека ’Војаџер 1‘ ќе стигне до растојание од еден светлосен ден“, изјави за ScienceAlert планетарниот научник Линда Спилкер од Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА. „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ беа лансирани во 1977 година за да ги истражат најоддалечените делови на Сончевиот систем. Двете летала се опремени со научни инструменти и носат пораки наменети за евентуални вонземски цивилизации. Времето на лансирање беше избрано за да се искористи реткото порамнување на планетите, кое се случува приближно на секои 176 години. Благодарение на гравитацијата на планетите, летала успеаја да забрзаат и да го продолжат своето патување кон следната дестинација. „Војаџер 2“ беше лансиран на 20 август 1977 година, а по него, на 5 септември, и „Војаџер 1“. Поради побрзата траекторија, „Војаџер 1“ прв стигна до Јупитер во 1979 година, а до Сатурн во 1980 година. Неговите набљудувања открија дотогаш непознати детали, вклучувајќи активни вулкани на Јупитеровата месечина Ио и сложената структура на прстените на Сатурн. „Војаџер 2“ го продолжи своето патување кон Уран, покрај кој помина во 1986 година, а до Нептун стигна во 1989 година. „Не можев ни да замислам какви откритија ќе направат овие две вселенски летала за време на нивната планетарна фаза. Секоја планета и секоја месечина донесоа неочекувани изненадувања“, изјави физичарот Бил Курт од Универзитетот во Ајова. Првото вселенско летало во меѓуѕвездениот простор Откако ги остави планетите зад себе, „Војаџер 1“ продолжи кон работ на хелиосферата – огромен регион околу Сонцето во кој доминира сончевиот ветер. На 25 август 2012 година, на оддалеченост од приближно 18,2 милијарди километри од Сонцето, леталото ја премина хелиопаузата – границата каде што влијанието на сончевиот ветер престанува да биде доминантно – и стана првиот објект создаден од човекот што навлегол во меѓуѕвездениот простор. Потврдата за овој историски настан пристигна дури една година подоцна, откако научниците ги анализираа податоците за густината на плазмата и утврдија дека вселенското летало навистина се наоѓа надвор од хелиосферата. Сè до денес, „Војаџер 1“ продолжува да пренесува вредни научни податоци. Неговите мерења покажуваат дека Сонцето има влијание врз меѓуѕвездениот простор дури и милијарди километри подалеку од хелиопаузата. Притоа, научниците истражуваат и неочекувано однесување на магнетното поле, како и флуктуации во густината на плазмата. Уште колку долго „Војаџер 1“ ќе остане функционален? Иако осум од неговите десет научни инструменти се исклучени, „Војаџер 1“ продолжува да истражува делови од вселената до кои претходно нема стигнато ниту едно друго вселенско летало. Неговиот нуклеарен извор на енергија губи околу четири вати моќност секоја година, што ги принудува инженерите на НАСА постепено да ја деактивираат опремата за да го продолжат траењето на мисијата. Според проценките на НАСА, можеби ќе има доволно енергија за да остане активен барем еден инструмент сè до 2030-тите години. Сепак, тоа е далеку од 300-те години што би му биле потребни на леталото за да стигне до внатрешниот раб на Оортовиот облак – регион што се смета за дел од најоддалечените граници на Сончевиот систем.Тагови: НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаГеговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!На жените во Македонија не им треба лицемерие и мртво слово на хартија, туку вистинска и навремена заштита.„Почитувани претставници на владејачкото мнозинство, доколку во прашање беше заштита на вашиот криминал или пак начин како да исцедите некој денар повеќе од граѓаните, итно ќе свикавте седница на Собранието и за 2 часа ќе ги поминевте комисиите и пленарната седница. Сега, кога треба итно да се заострат казните за насилниците и да се воведе електронска нараквица за спас на човечки живот, од вас слушаме едно празно ‘ЌЕ’. Еве, кажете ни го датумот на тоа ‘Ќе’. Евтините лаги ‘се спрема закон...’, ‘поднесен е предлог...’, ‘во следниот период...’, повеќе не ви поминуваат ниту во јасли групите во градинките. Изгледа нема да дочекаме додека вие сте на власт, затоа што заштитата на жените и строгите казни за насилниците вам ви се на последно место“, вели во изјава за медиумите Цветанка Геговска, правничка и членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). Додека жртвите живеат во страв, приоритет на Владата им е коалициониот партнер да држи предавања на Воената академија дека на жените им треба "машки надзор", а секој што бара строги санкции и превенција на насилство да го етикетираат како "багра". „Со ваквиот однос не е ни чудно што не можете да најдете жени за министерските позиции и менаџерки на институции. За вас, очигледно, жените се граѓани од втор ред“, додава Геговска. ЛДП бара веднаш да се воведе посебно законско дефинирање на фемицидот со најригорозни казни и итно пуштање во употреба на електронските нараквици за 24- часовен надзор на насилникот, особено во случаите со висок ризик. „Насилниците мора да знаат дека секое прекршување на изречените мерки носи санкција, а институциите мора да понесат одговорност за секој пропуст во преземањето на дејствија. Доволно беше изрекување условни отпусти за тепачи и насилници, со што дополнително се мотивираат да го повторат делото, додека жртвите едвај собираат храброст да го пријават настанот. Животите на жените не се ничија сопственост ниту пак насилството е приватна работа. Престанете да се криете зад празни ветувања додека жените секојдневно страдаат. Вашата ароганција и тотална негрижа многу брзо ќе ви се вратат како бумеранг“, заклучува Геговска во својата изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаНиколоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќаВладата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување од 500 метри од училишта, а ги зголемивме и давачките, одговори заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на седницата посветена на поставување на паратенички прашања. Законот ќе почне да се применува од 1 јануари, истакна Николоски. “Измените се состојат од два дела. Прво, се забранува сè што е во пропагандна цел, од рекламирање преку физички изглед на излози и така натаму, а втората е сериозна рестрикција на објекти каде што може да се приредуваат игри на среќа. Не само што се воведе ограничување од 500 метри од училишта, туку исто така се зголемија давачките коишто ги плаќаат оние коишто организираат игри на среќа, дали се работи по апарат, дали се работи по лиценца или по објект. На тој начин сериозно ќе се намали бројот на објекти каде што ќе се организираат игри на среќа. Фактичката примена почнува од 1 јануари. Она што е значајно и што е поврзано со првото, со вашето прашање во однос на 1 јануари, е дека од 1 јануари единствен којшто ќе може да приредува онлајн игри на среќа ќе е државата, односно Државна Лотарија, со само еден правен субјект којшто ќе може да го прави тоа, а истото се однесува и на видео лотариските терминали, односно ВЛТ апаратите, каде што државата ќе е единствена којашто ќе може да организира вакви игри на среќа преку исто така еден субјект”- одговори Николоски Тој додаде дека по изборот на оваа Влада, укинати се лицениците на 3 компании кои требало да приредуваат онлајн игри на среќа. “ Укинати се лиценците на 3 компании коишто требаше да приредуваат онлајн игри на среќа. Дополнително, укината е платформата 2WIN, којашто беше дел од Казино Австрија и која што беше дел од ВЛТ терминалите, а исто така иницирани се и кривични постапки. Во моментов се води активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останати обвинети, и очекувам судот во ефикасна процедура ова да го заврши и да одговараат за она што го сториле” рече вицепремиерот Николоски. Истакна дека е потребна е строга државна конторла за да не се случи како во минатото да работи “црниот пазар.” “ Имаме деновиве еден интересен случај во јавноста, поврзан со Ива Михајлова. Јавноста заборава дека нејзиниот татко беше осуден токму како дел од акцијата "Детонатор", којашто во периодот некаде пред 2013 години значеше сузбивање на нелегално организирање на игри на среќа. Се сеќавате на десетици апарати коишто беа извадени на плоштад од Македонија, каде што беа покажани апаратите на коишто нелегално се организирале игри на среќа. А мислам дека јавноста заслужува одговор на уште едно прашање, а тоа е дали тоа што поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, не го потпиша Законот за игри на среќа, којшто го донесе претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградбата на зграда во Влае на неговиот директор на Агенција за разузнавање Ерол Муслиу. Односно, дали едното и другото се поврзани и каде води трагата на парите? Ги повикувам, еве, по допрен глас да постапат и од обвинителството и од финансиската полиција и од финансиското разузнавање во однос на оваа работа” – додаде НиколоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00