Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
СветВидео: Во кинеска градинка затруени 233 деца со боја за храна, уапсени осум лицаПовеќе од 200 деца се лекуваат во болница поради труење со олово во северозападна Кина, откако готвачите во градинка за украсување на храната користеле боја што не се јаде.Осум лица се уапсени откако тестовите покажале дека примероците од храна од градинката Пеиксин, во градот Тјаншуи, во покраината Гансу, содржеле 2.000 пати поголема концентрација на олово од законски дозволената граница. Вкупно 233 деца од приватната градинка имале висока концентрација на олово во крвта откако јаделе торта со хинап и тесто со колбас и пченка. Според полициската истрага, директорот на градинката побарал од персоналот во кујната да ја нарача бојата преку интернет. Откако децата се разболеле, полицијата морала да ги бара залихите од боја бидејќи биле скриени. Во соопштението за медиумите се наведува дека на пакувањето јасно пишува дека бојата не е за јадење. Еден од родителите на затруено дете изјавил за Би-Би-Си дека е загрижен за долгорочните ефекти од труењето со олово врз црниот дроб и дигестивниот систем на неговиот син. Минатата недела го однел во болница во Сиан на тестови откако другите родители предупредиле за опасноста. На неговиот син сега му е потребна десетдневна терапија. Кинеските државни медиуми објавија снимки за кои велат дека се направени од безбедносни камери во кујната. Тие го покажуваат персоналот како додава боја на храната. Истражителите утврдиле дека колачот од хинап и тестото од колбаси и пченка содржат нивоа на олово од 1052 мг/кг и 1340 мг/кг, додека националната граница за безбедност на храната е 0,5 мг/кг. Директорот на градинката и уште седум лица, вклучувајќи го и главниот инвеститор, сега се под истрага поради сомнение за производство на токсична и штетна храна. Не е познато колку долго готвачите ја користеле бојата во подготовка на храната, но неколку родители им кажале на кинеските медиуми дека нивните деца уште од март се жалеле на болки во стомакот и нозете и губење на апетитот. 8 individuals connected to the #children's abnormal blood lead case at a kindergarten in Tianshui city, China’s #Gansu Province, have been placed under criminal detention after investigations revealed that the kindergarten illegally added inedible painted pigments to children's… pic.twitter.com/w01xGLbo7M — Ifeng News (@IFENG__official) July 8, 2025 Тагови: градинка боја за храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПродолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам. Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа. - Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица". Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие. Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање. Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме. -Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0. 🤯 Andros Townsend has been involved in an unfortunate accident while warming up for PT Prachup before their Thai Premier League game vs. Pattani. He didn't get badly injured but was on the bench and played just 1 minute in their 3-0 win. https://t.co/K9Ty9VAxRd — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) September 19, 2026 По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 годинаСојуз на синдикатите на Македонија денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари. Структура на новата СMK за месец септември 2026 година 03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754 и греење ( со изнајмен стан 60м2 ) Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter