ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
БалканВидео: Во Хрватска се превртел автобус со албански регистарски таблички, едно лице загинаЕдно лице го загубило животот, додека неколкумина се повредени откако автобус со албански регистарски таблички се превртел на автопат во Хрватска.- Несреќата се случила на автопатот А-1, во правец на север, кај клучката Бриње, синоќа во 23 часот и 43 минути, кога автобусот со албански регистерски таблички удрил во ограда и се превртел на левата страна, јавија албанските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција. Во моментот на несреќата во автобусот имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин. На повредените им била пружена лекарска помош во болниците во Карловац и Огулин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лагаШефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје. Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста. Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија. Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните. Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска. Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии. Значи, граѓаните платија. И тоа - многу платија. Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика. Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано. Пензиите - 16 пати. Економијата - трета во Европа. Туризмот - први. Авиосообраќајот - лидери. Платите - најбрз раст. Концертот - 200.000 славиле. Сметката - нула. Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса. Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија. Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката. Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија. До кога, арамијо? Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија. Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 07.09.2026 до 11.09.2026 зема 174 примероци за физичко-хемиска и 174 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНова анкета пред француските претседателски избори: Во водство крајната десницаФранција следната пролет ќе избере нов претседател. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 18 април 2027 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 мај 2027 година. Актуелниот претседател Емануел Макрон не може повторно да се кандидира откако отслужи два последователни мандата. Меѓу клучните кандидати кои веќе ја објавија својата намера да влезат во трката се Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарското „Национално обединување“; Жан-Лик Меланшон, лидер на крајно левичарското движење „Непокорна Франција“; и Едуар Филип, поранешниот премиер на Макрон. Најновите анкети покажуваат дека Ле Пен е во водство, додека Меланшон би завршил на второто место во повеќето од испитаните сценарија. Резултатите укажуваат на растечка поделеност меѓу француските гласачи додека ерата на Макрон се ближи кон крајот. Според анкетата на „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена меѓу 8 и 10 септември, Ле Пен би освоила меѓу 33 и 36 отсто од гласовите во првиот круг. Меланшон би се пласирал во вториот круг во најмалку три од петте испитани сценарија. Според истата анкета, Ле Пен убедливо би го победила во вториот круг. Поранешниот премиер на Макрон, Едуар Филип, е единствениот кандидат од десниот центар кој се пласира пред Меланшон во едно од испитаните сценарија, додека во друго тие се израмнети. Сите други кандидати од десниот центар би завршиле зад Меланшон во секое сценарио. Вториот и последен последователен мандат на Макрон се ближи кон крајот. „Ројтерс“ забележува дека тој зад себе остава ослабен политички центар и трома економија, што создава повеќе простор за партиите од крајната левица и крајната десница, како што се LFI на Меланшон и „Националниот собир“ на Марин Ле Пен. Меланшон досега трипати се кандидирал за претседател – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Во мај оваа година, тој потврди дека ќе се кандидира по четврти пат во 2027 година. И Ле Пен учествувала на последните три претседателски избори. Таа стигна до вториот круг во 2017 и 2022 година, но во двата наврати беше поразена од Макрон. Во јули, таа потврди дека повторно ќе се кандидира во 2027 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter