УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации
2УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации
КултураВидео: Виртуелен ВИ-приказ на базиликата „Свети Петар“ во ВатиканВатикан понуди услуги со вештачка интелигенција околу базиликата „Свети Петар“, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.Во соработка со технолошкиот конгломерат „Мајкрософт“ и „Иконем“ - компанија специјализирана за дигитализација на културно-историски знаменитости, Ватикан ја пушти во употреба новата интерактивна страница, којашто е дигитална разгледница за базиликата. Засега ќе има две ВИ-изложби. Новостите беа претставени вчера, токму навреме за одбележување на Светата година, т.е. Јубилејната 2025 година на Католичката црква, настан којшто се слави секој четвртина век. - Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ - маѓепсани сте од неговата сјајност!, вели кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе нудат искуство налик набљудување со телескоп или од вселенски брод. Базиликата дневно ја посетуваат 40.000 до 50.000 луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литарДа почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики, вели Мицкоски.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрени на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации, ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе. Отприлика 25 до 35 дена, додека да стигнат таму каде што треба. Така што очекувам во периодот, цената на барелот да се движи отприлика тука некаде, плус-минус некој долар, околу 80 долари за барел. Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5-3 денара и очекувам околу 7 денара намалување на дизелот по литар. Отприлика ова се тоа кое што ние го очекуваме, но да почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаУЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрацииУправата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта.Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова. Во своето обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите. Таа нагласи дека улогата на IOTA е да им помогне на даночните администрации успешно да ги претворат овие предизвици во можности преку практична соработка, размена на искуства и заедничко градење на капацитети. „IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија."- истакна Петрова. Веднаш по церемонијата на преземање на претседателството, директорката Петрова го предводеше конститутивниот состанок на новиот состав на Извршниот совет на IOTA, во кој влегуваат Азербејџан, Белгија, Ерменија, Естонија, Романија, Финска, Хрватска и Швајцарија. Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA. На дискусијата беше нагласена потребата од забрзување на дигиталната трансформација, како и способноста на даночниците да управуваат со оваа трансформација и да ја зачуваат довербата на јавноста во услови на брзи технолошки и економски промени. IOTA е организација во која членуваат 43 европски земји и две придружни членки, а е поврзана со повеќе меѓународни и глобални организации кои работат на даночни прашања. Преземањето на претседателството на IOTA претставува значајно меѓународно признание за Управата за јавни приходи, препознавајќи ја како активен и кредибилен партнер во европската даночна заедница.Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во училиште на Филипините, убиени се три лица (Вознемирувачко видео)Три лица се убиени, а пет се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти денес филипинската полиција.Повредените се однесени во блиските медицински установи на лекување, објави Ројтерс. Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, покраина Лејте. Регионалната полициска управа распореди дополнителен персонал во училиштето за да ја обезбеди безбедноста на учениците, персоналот, родителите и околната заедница. At least three students are confirmed dead and five others were injured in a #shooting incident at San Jose National High School in Tacloban City, the #Philippines on Monday. Two suspects, both minors, have been arrested. By Huang Zhengzheng |Video from social media pic.twitter.com/PjnGMH3RVI — CCTV Asia Pacific (@CCTVAsiaPacific) June 22, 2026 Како што е наведено, еден осомничен за нападот е уапсен, додека другиот е сè уште на слобода. Полицијата ги истражува околностите што доведоа до инцидентот.Тагови: пукање Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook