Видео: Викторија Бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом - Канал 5

Видео: Викторија Бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

Сопругата на светската фудбалска легенда, Дејвид Бекам, екс пејачката Викторија Бекам покажа дека елката може да изгледа гламурозно дури и без класичната палета на сребро и злато.

Видео: Викторија Бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

Познатата креаторка на Инстаграм објави фотки од раскошно украсена елка која комбинира бронзени, розово-златни и жолти детали, со бели светла и црвени топки.

Наместо студениот сјај на традиционалните декорации, Викторија годинава се одлулија својата божиќна елка да ја украси со потопли нијанси на метал - бронза, шампањско злато и бакар - кои создаваат чувство на луксуз, но на ненаметлив и софистициран начин. Експертите за декор веќе предвидуваат дека овој вид палета ќе стане голем тренд оваа празнична сезона.

Божиќната елка на Бекамови не е само украс, туку модна изјава во светот на празничните декорации, а Дејвид не ја пропушти можноста повторно да ја задева својата сопруга: „Признај дека имаше малку помош“, му рече Бекам на својот драг „Пош“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен

В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт.

Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии.

Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира.

Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума.

Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. 

СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар.

Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо.

Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк до Руднап?

Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.

Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.

„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер