3Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
ТехнологијаВидео: Вештачката интелигенција стана презентерка на вестиСајтот „Kuwait News“ ја претстави Феда – презентерка на вести генерирана од вештачка интелигенција.Претставниците на овој кувајтски медиум ветуваат дека во иднина нивната водителка ќе може да чита вести на социјалните мрежи. Кувајтскиот медиум „Kuwait News (kuwaitnews.com)“ воведе виртуелна презентерка на вести создадена со употреба на вештачка интелигенција, со планови за читање вести објавени на страницата. Во саботата „Феда“ се појави на Твитер профилот на сајтот „Kuwait News“ како жена со непокриена коса во црна јакна и бела маичка. „Јас сум Феда, првата водителка во Кувајт која работи со вештачка интелигенција во „Kuwait News“. Какви вести претпочитате? Ајде да го слушнеме вашето мислење“, рече таа на арапски. Веб-страницата е поврзана со „Kuwait Times“, основан во 1961 година како прв дневен весник на англиски јазик во регионот на Персискиот залив. Абдула Бофтен, заменик-главен уредник за двата медиума, рече дека тоа е тест за потенцијалот на вештачката интелигенција да понуди „нова и иновативна содржина“. Во иднина, вели тој, Феда би можела да усвои кувајтски акцент и да чита вести на Твитер профилот на страницата, кој има 1,2 милиони следбеници. „Феда е популарно, старо кувајтско име што се однесува на среброто... Ние секогаш ги замислуваме роботите како сребрени и метални, па ги споивме тие две работи“, објасни Бофтејн. Русата коса и светлите очи на водителката ја рефлектираат различноста на домородното население и имигрантите во земјата богата со нафта, рече Бофтајн, додавајќи накратко: „Феда претставува сè“. Првиот видео клип во траење од 13 секунди предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а секако коментираа и новинари. Порастот на вештачката интелигенција на глобално ниво доведе до зголемени надежи дека тоа ќе им користи на луѓето, особено во областите како што е здравствената заштита. Од друга страна, расте стравот од вештачка интелигенција и потенцијал за ширење дезинформации, како и губење на работни места и уметнички интегритет. أول مذيعة في #الكويت تعمل بالذكاء الاصطناعي • #فضة.. مذيعة #كويت_نيوز الافتراضية • ما هي نوعية الأخبار التي تفضلونها بتقديم #فضة زميلتنا الجديدة؟ .. شاركونا آراءكم pic.twitter.com/VlVjasSdpb — كويت نيوز (@KuwaitNews) April 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКалас повикува на прекин на војната; Русија вели дека не сака да преговара со неа!Русија изјави дека учеството на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во преговорите за ставање крај на војната во Украина би можело да доведе до нивен колапс. Москва се противи на нејзиното вклучување во разговорите и ја доведува во прашање нејзината способност да придонесе кон мировниот процес. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Калас е неприфатлива за Москва како преговарач. Таа ја обвини поранешната естонска премиерка дека е непријателски настроена кон Русија и дека ги отфрла нејзините безбедносни барања. „Ако некому во Брисел му е важен таков преговарач со Русија, тоа јасно ни покажува какви резултати сакаат да постигнат во дијалогот – а тоа е поткопување на какви било мировни иницијативи“, рече Захарова на прес-конференција во Москва. Захарова додаде дека Калас би ја извршила оваа задача „со леснотија“. Со ова, таа јасно стави до знаење дека Москва не сака да преговара со актуелната висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика. Овие руски изјави доаѓаат во момент кога европските влади се обидуваат да обезбедат официјална улога во мировните преговори меѓу Украина и Русија, кои се одвиваат со американско посредување. Европските лидери инсистираат на тоа дека мора да учествуваат во одлуките што се однесуваат на безбедноста на континентот. Досега, Европа не беше директно вклучена во преговорите организирани од Вашингтон. Постигнат е договор дека, во следната рунда, Европа би можела да биде претставена од Франција, Германија, Италија, Полска, Обединетото Кралство и институциите на Европската унија. Калас претходно изјави дека Русија нема право да одлучува кој ќе ја претставува Европската унија. Таа нагласи дека не настапува во лично својство, туку како претставник на сите 27 земји-членки – без оглед на противењето на Москва кон нејзиното учество. Москва ја обвинува Калас за непријателски став Захарова ја обвини Калас дека зазема „отворено русофобичен став“ и дека ги игнорира безбедносните интереси на Русија. Таа тврди дека шефицата на надворешната политика на ЕУ се обидува да го блокира секој договор што би ги зел предвид барањата на Москва. Руската портпаролка изјави дека Москва е подготвена да соработува со европски претставници кои можат конструктивно да придонесат кон преговорите. Сепак, таа смета дека Калас не го исполнува овој критериум, имајќи ги предвид нејзините претходни изјави и политички ставови. Калас беше премиерка на Естонија пред да ја преземе европската функција. Таа стана Висок претставник на ЕУ за надворешни работи во декември 2024 година, а оттогаш се залага за построги санкции против Русија и за продолжување на воената помош за Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
БалканПред 31 година, на денешен ден, беше парафиран Дејтонскиот договор за мир во Босна и Херцеговина На денешен ден во 1995 година, во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Дејтон, САД, беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина. На денешен ден во 1995 година, во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Дејтон, САД, беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина – заедно со неговите 12 анекси – со што заврши војната во Босна и Херцеговина и се воспостави нејзиниот уставен и правен поредок. Овој договор, пред 31 година, ја воспостави државната заедница БиХ, составена од два ентитета – Република Српска и Федерацијата БиХ – кои се и потписници на сите анекси. По тринеделни преговори, Дејтонскиот договор беше парафиран на 22 ноември 1995 година од страна на тогашните претседатели: Слободан Милошевиќ од Србија, Алија Изетбеговиќ од таканаречената Република БиХ и Фрањо Туѓман од Хрватска. Договорот беше парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, покрај него, клучни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк. Дејтонскиот договор беше официјално потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраина изоставена од декларацијата на Трамп, Путин и Си, потегот бил направен зад затворени врати Финскиот претседател Александар Стуб откри дека декларацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот лидер Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг требало да содржи дел посветен на Украина, но ...Финскиот претседател Александар Стуб откри дека декларацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот лидер Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг требало да содржи дел посветен на Украина, но дека Америка побарала тој да биде отстранет. Стуб за финскиот весник „Хелсингин саномат“ изјави дека првата верзија на декларацијата содржела став за Украина, но дека Вашингтон не бил задоволен од неговата содржина и одлучил да го отстрани. „Формулацијата не беше добра, па Соединетите Американски Држави ја отстранија. Мислам дека тоа беше добро“, рече Стуб, коментирајќи ја одлуката на американската администрација да не ја спомнува Украина во заедничката декларација. Финскиот претседател не откри што точно пишувало во избришаниот дел од документот, ниту кој ја предложил неговата содржина. Тој наведе дека деталите за подготовката на декларацијата станале познати за време на разговорите зад затворени врати во Берлин. На 19 ноември таму се состанаа претставници на таканаречената „Коалиција на подготвените“ – група европски и други земји кои ја поддржуваат Украина. Главни теми на разговор беа продолжувањето на помошта за Киев и можноста за завршување на војната. Трамп им се јавил на европските лидери од авионот. Стаб, исто така, потврди дека Трамп, откако ја напуштил Кина, ги повикал учесниците на состанокот во Берлин од претседателскиот авион „Ер форс уан“ (Air Force One). Притоа, тој им ги пренел деталите од разговорите со Путин и Си. Според финскиот претседател, Трамп изјавил дека војната во Украина мора да заврши, за Европа да може да ги насочи средствата кон други потреби. Стаб, сепак, нагласи дека тоа не претставува повик за прекин на помошта за Украина. „Според тоа, немаше повик да се престане со поддршката за Украина“, изјави финскиот претседател, отфрлајќи ги толкувањата дека американскиот лидер побарал од европските сојузници да ја намалат или да ја прекинат поддршката за Киев. Трамп, Путин и Си се сретнаа на 19 ноември во кинескиот град Шенжен. По средбата, тие објавија заедничка декларација за меѓународниот мир и безбедност, во која не се споменува руската инвазија врз Украина. Документот опфаќа реформи во Обединетите нации, намалување на нуклеарните ризици, зголемување на понудата на нафтени деривати, како и почитување на имунитетот на државните функционери пред меѓународните судови. Во декларацијата се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ги злоупотребува своите овластувања Инаку, во 2023 година, тој суд издаде налог за апсење на Путин поради сомневање за незаконска депортација на украински деца во Русија. Иако тројцата претседатели разговараа за Украина, нивната средба не доведе до договор за прекин на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter