Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
2Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
БалканВидео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лицаВо пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи.Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот. „Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон. На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата. Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла. Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата. „На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери. Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот. Тагови: дом за стари лица пожар Тузла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коскиВо Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата. Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка. Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува. Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона. Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Сателити. На далечинско. Не со народ. Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг. Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш. Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас. СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа. За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter