Видео: Тројка на Никола Јокиќ од 12 метри за победа на Денвер против Голден Стејт! - Канал 5

Видео: Тројка на Никола Јокиќ од 12 метри за победа на Денвер против Голден Стејт!

Најдобриот кошаркар во НБА лигата, српскиот центар Никола Јокиќ по којзнае кој пат беше херој на шампионот Денвер Нагетс.

Видео: Тројка на Никола Јокиќ од 12 метри за победа на Денвер против Голден Стејт!

Популарниот Џокер сега тоа го направи во посебен стил, постигна тројка од половина терен иако пред себе имаше агресивен противник.

Српскиот центар постигна тројка од 12 метри за победа на актуелниот шампион на гостувањето против претходниот шампион во НБА, Голден Стејт, во манирот на нивниот најдобар играч Стеф Кари.

Тројката на Јокиќ во последната секунда за конечни 130:127 по големиот резулатски пресврт во последниот дел го остави Кари со подогторена уста. Грутките од Денвер пак еуфорично ја прославија победничката тројка на нивниот предводник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри

Европа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките.

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри

Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа, постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените.

А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода.

И во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити.

Во Еврпа и светот се стопира изградбата на дата центри, само Владата на

Мицкоски продолжува да ги турка како завршена работа.

Овие објекти за дата центри трошат огромни количини струја и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на нови работни места и даночни приходи е минимален.

Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители.

Нашата инфраструктура не може да ја издржи и носи ризик од рестрикции за вода и покачување на цените на струјата.

А видовме што се случува и со водата, владата на Мицкоски не може да обезбеди доволно чиста вода за пиење а не повеќе!

Македонија нема доволно електрична енергија за дата центри и ќе мора да се увезува.

И клучното прашање колку поголем увоз на струја ќе биде потребен, бидејчи крајно повторно цената ќе ја платат граѓаните преку повисоки сметки за струја.

Која вода ќе се користи, дали тоа значи дека ќе се загреваат реките и дали ќе има испуштање на затоплена вода во реките? Како тоа ќе влијае врз биодиверзитетот?

Водата и струјата не може да бидат скапа авантура која ќе ги збогати блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните.

Во повеќе американски држави и во Европа се стопираат ваквите инвестиции поради недостиг на вода, огромна потрошувачка на струја и влијанието врз животната средина.

Само Мицкоски и неговата Влада ја туркаат оваа идеја. Граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја, да немаат вода – ама криминалната организација ВМРО да има полни џебови.

СДСМ не е против дигитализациа. Дигитализацијата не значи само да се изгради дата-центар. Таа значи функционални електронски услуги, поврзани институции, помалку бирократија и држава која работи побрзо и поефикасно за граѓаните.

СДСМ е против ставање на водата и струјата под ризик за бизнис интересите на власта.

Бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за Карпалак: 8 август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак, упати порака дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

Мицкоски за Карпалак: 8 август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

Во објавата на Фејсбук напиша дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Премиерот истакна дека Карпалак претставува заедничка рана, но и трајна обврска за градење држава во која почитта кон загинатите ќе биде над политиката.

„Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите., стои меѓудругото во објавата на премиерот Мицковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се два пожара – гори кај Брњарци и Волково

Шест пожари на отворен простор се пријавени денеска, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да бидат ставени под контрола.

Активни се два пожара – гори кај Брњарци и Волково

Според информацијата на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се уште се активни два пожари, а четири се веќе изгаснати.

Активни се пожарите кај селото Брњарци во општина Арачиново и во населбата Волково во општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во селото Бањица во општина Чашка, селото Биџево во општина Струга, селото Сенакос во општина Врапчиште и на депонијата во Делчево, информира ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер