Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
НБАВидео: Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер ги елиминира Клиперси за историско финале на ЗападотКошаркарите на Денвер се противникот на ЛА Лејкерс во конференциското финале во Западната конференција од НБА.Денвер предводен од маестралните Никола Јокиќ и Џамал Мареј во полуфиналната мајсторка триумфираше против фаворизираниот ЛА Клиперс со 104-89 и со 4-3 во победи обезбеди историско финале на Западот. Тимот од Денвер по втор пат во НБА плеј офот успеаа да се вратат од скоро загубена позиција од негатива од 3-1 во победи. Со овој подвиг избраниците на Мајк Мелоун станаа првата екипа во историјата на најсилното светско кошаркарско прветсво кои во еден плеј оф успеале да стигнат од 1-3 до триумф од 4-3 во победи. Феноменален меч утринава во Орландо одиграа предводниците на Денвер Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Јокиќ решавачкиот дуел против фаворитот од Лос Анџелес го заврши со трипл дабл од 16 поени, 22 скока, 13 асистенции и 3 блокади. Мареј со 40 постигнати кошеви беше најефикасниот поединец на дуелот. Клиперси и во третиот меч во низа ги разочараа своите навивачи, утрово се распаднаа посебно во решавачката четвртта четвртина, кога не успеааја да погодат скоро ништо. Нагести уште еднаш го искористија падот на својот противник и стигнаа до посакуваниот триумф. Катасрофален натпревар утринава во Орландо одиграа најдобрите кошаркари на Клипесри Кавај Ленард и Пол Џорџ, лидерот на Клипесри Ленард постигна скромни 14 поени со очаен шут 6/22 од игра, а Џорџ заврши со само 10 кошеви на своето конто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СветПоплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет. Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик. Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф. Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море. Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час. Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби. На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook