3На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
ЕвропаВидео: Тепачки, пожари и стотици апсења – Франција во хаос по поразот од ШпанијаНавивачите на Франција тешко го прифатија поразот на нивните фудбалери од рШпанина со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство. Поради тоа, по натпреварот кој се играше на преполниот стадион во Далас, низ Франција започнаа немири. Во Париз и Лион – каде што масовно се следеше преносот на плоштадите – избија големи немири, при што беа уапсени голем број луѓе. Според француските медиуми, приведени се дури 141 лице поради инциденти и судири со полицијата. Paris is burning right now after 🇫🇷 France's World Cup semifinal loss to 🇪🇸 Spain. Few hours earlier, Macron tried to present France as an island of peace during the military parade. This looks like the beginning of a civil war... pic.twitter.com/z6DKTcnX0R — Sumit (@SumitHansd) July 15, 2026 По натпреварот, Париз и Лион наликуваа на вистинска воена зона; ништо не беше фрлено кон полицијата, која едвај успеа да ја смири разбеснетата толпа што имаше само една цел – да предизвика хаос на улиците на Париз.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Шоу бизБекамови тајно го прославиле роденденот на ќерката ХарперЛегендата на светскиот фудбал Дејвид Бекам и екс членката на Спајс Грлс, сега дизајнерка Викторија Бекам организираа голема семејна прослава во Флорида за нивната ќерка Харпер, која го прослави својот петнаесетти роденден.Семејството без бунтовникот Бруклин се собра во Мајами за посебниот ден на нивната сакана. За овој важен ден, тие го избраа омилениот луксузен италијански ресторан „Сант Амброзус“ во Вест Палм Бич. На роденденската свеченост на Харпер покрај Дејвид и Бикторија беа и браќата на Харпер Ромео и Круз, повторно недостасуваше Бруклин Бекам . Меѓу гостите беа блиски семејни пријатели, како што се познатиот фризер Кен Павес, Џеки Апостел и Ким Тернбул. Сепак, семејниот круг и овој пат не беше комплетен. Најстариот син Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц беа отсутни од роденденската вечера, тие се во „војна“ со мама Викторија. Но, без оглед на тоа, прославата јасно ја демонстрираше силната семејна блискост што ја негува оваа позната фамилија.Тагови: Бекамови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаГерасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина ЦентарГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа. „Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски. Преку ГИС порталот, корисниците можат: • да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината; • да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации; • да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати; • да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети. Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации. Во рамки на ГИС порталот достапни се и: • информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП; • 3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот; • Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите; • информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните. Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓаниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДе ла Фуенте: „Игравме против една од најдобрите репрезентации, но победи најдобриот тим во светот“ Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим в. Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ја криеше гордоста по големата победа на неговиот тим во мундијалското полуфиунале против Франција, истакнувајќи дека неговите играчи уште еднаш покажале зошто тој смета дека тие се најдобриот тим во светот во моментов. Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и се пласираше во финалето – второ во нејзината историја. „Пред речиси четири години започнавме со една идеја и останавме доследни на неа во текот на целиот тој период. Токму таа идеја нè доведе овде. Денес игравме против една од најдобрите репрезентации во светот, но наспроти себе тие ја имаа најдобрата екипа во светот. Во тоа е разликата“, изјави Де ла Фуенте. Шпанскиот стратег особено ги пофали своите играчи, нагласувајќи дека тие го заслужиле успехот со секојдневна работа и посветеност. „Овие играчи заслужуваат сè. Ден по ден покажуваат посветеност, солидарност, несебичност и огромен талент. Тие го прават она што е тешко да изгледа лесно“, рече Де ла Фуенте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter