Видео: Тепачка на паркинг меѓу сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ - Канал 5

Видео: Тепачка на паркинг меѓу сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ

Познатите српски пејачки и сестри Индира Арадиновиќ и Едита Арадиновиќ се степале на сред улица.

Видео: Тепачка на паркинг меѓу сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ

Имено, на видеото објавено од српски Информе може да се види како сестрите физички се пресметуваат на еден паркинг додека едно непознато момче се обидува да ги раздели.

Во еден момент постарата сестра Инди ѝ вика на Едита „дај ми го телефонот“, на што следи реакција од Едита која го зема телефонот и го фрла неколку метри подалеку. ПО што сестрите продолжуваат да се туркаат меѓусебе се до моментот кога пресметката ја прекинува нивната мајка.

По што Едита се упатува кон станот, а Инди влегува во автомобилот.

YouTube video

Познато е дека двете сестри од претходно не биле во добри односи, но според медиумите тие во последниот период се обидувале да ги решат своите несогласувања, но евидентно е дека не успеале во тоа. Екипата на порталот Информер стапи во контакт со Инди, која даде краток коментар за немилиот настан: - Немам коментар во врска со видеото што беше објавено, со Едита имам одлични односи.

Едита по тепачката се огласи на социјалните мрежи каде напиша.

- Браќа и сестри! Пријатели. Непријатели, особено вие. Сè е во ред. Вие најдобро знаете како функционираат и не функционираат семејствата. Се лажете ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се вклучиме во оваа глупост. Можеби дотогаш пак ќе се караме, но валидно, со оглед на тоа што сме тука како двајца пијани пред супермаркет – напиша Едита.

По неа се огласи и Инди :

- Драги мои следбеници и медиуми, за да не одговорам на секој поединечно: Во врска со новосоздаденото видео кое кружи по порталите и мрежите. Секое семејство има добри и лоши моменти. Знаејќи дека и двете сме емотивни, енергични, темпераментни и што е најважно, искрени, родени во ист знак, логично е понекогаш да се случува семејна караница. И ова ни е многу смешно на крајот на краиштата. Ние две сме вечни сестри, секогаш ќе бидеме тука една за друга, затоа што се сакаме повеќе од се на светот. Во нормални односи сме, но не ветуваме дека нема да има уште една „тепачка“, можеби и во живо. Ве сакаат сестрите Арадиновиќ - напиша Инди на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер